Регистрирани само 51 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 308 оздравени пациенти
Во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, што изнесува само 6,7 отсто. Малиот број на тестирања веројатно се должи и на многу лошото време и снегот во текот на вчерашниот ден.
Новите инфекции според градови: Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, и по еден во Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево.
Пријавени се вкупно девет починати пациенти: тројца од Прилеп, по двајца од Скопје и Тетово, и по еден од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 до 87 години. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 308 оздравени пациенти. Според градови: Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 42.418, активни 2.785
Куманово 5.364, активни 233
Тетово 5.271, активни 217
Прилеп 4.842, активни 306
Гостивар 3.703, активни 118
Штип 3.566, активни 75
Битола 3.317, активни 124
Велес 3.289, активни 231
Охрид 3.040, активни 360
Кавадарци 2.953, активни 419
Струмица 2.626, активни 153
Струга 2.321, активни 159
Кочани 1.772, активни 48
Кичево 1.749, активни 69
Свети Николе 1.099, активни 25
Гевгелија 1.074, активни 101
Неготино 1.041, активни 82
Дебар 777, активни 41
Ресен 777, активни 67
Крива Паланка 757, активни 34
Радовиш 739, активни 46
Делчево 699, активни 212
Берово 624, активни 35
Пробиштип 521, активни 18
Виница 504, активни 22
Валандово 338, активни 12
Демир Хисар 255, активни 10
Кратово 251, активни 24
Македонски Брод 250, активни 9
Крушево 234, активни 39
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 39
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 13.