Нови 407 случаи на Ковид 19, оздравени 399 лица и седум починати во последните 24 часа


Во последното деноноќие во земјава регистрирани се 407 нови  случаи на Ковид-19, 399 оздравени и починати седум лица. Од Министерството за здравство информираат дека  согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес […]

Побарани условни затворски и парични казни за Баладур и Леотар


Франција– Обвинителството на крајот од судењето побара една година условна затворска казна и парична казна од 50.000 евра за поранешниот премиер Едуард Баладур (91 година), суден во Париз под сомнение за тајно финансирање на неговата претседателска кампања од 1995 година, како дел од сериозната афера Карачи, јави дописникот на МИА. Против неговиот поранешен министер за […]

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на Игор Спасов од Софија


Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадиција на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија. – Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање […]

На пролет ќе се формира Мешовита меѓувладина комисија помеѓу Србија и Северна Македонија за малцинствата


Србија– На иницијатива на Северна Македонија, по средбата на преставници на Македонската амбасада во Белград со министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, решено е Србија и Северна Македонија да отпочнат со процедурата за формирање Мешовита меѓувладина комисија помеѓу РС и РСМ за заштита на малцинствата, јави дописникот на МИА од […]

Туристичките агенции не прифаќаат кредити, бараат финансиска поддршка за плати


Туристичките агенции остро реагираат на денешните изјави на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши кои обелоденија дека е можно, во петтиот пакет мерки финансиската поддршка за плата да биде заменета со бескаматни кредити. Секторот туризам, како што наведува во соопштението до медиумите, стравува од условите за кредитите. Смета дека […]

Славниот актер на историски ликови, Хал Холбрук, почина на 95 години


САД-Добитникот на наградите Еми и Тони, Хал Холбрук, актер најпознат по улогата на Марк Твен, кого го глумеше со децении ,почина на 95 години. Личниот асистент на Холбрук, Џојс Коен, ја потврди смртта за „Њујорк Тајмс“ синоќа. Холбрук го играше американскиот романсиер во соло шоуто наречено „Марк Твен Вечерва!“  за кој го освои Тони за […]

Рама ја прими втората доза од вакцината на „Фајзер“


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја прими втората доза од вакцината на “Фајзер” против Ковид – 19 . Тоа е една од 1.170  дози вакцини што доцна синоќа пристигнаа во Тирана од споменатата компанија. Рама најави дека, врз основа на договорот со Фајзер, следната недела во земјата ќе пристигнат уште 10 илјади дози, а […]

Во Франција во 2020 година се убиени 90 жени од нивните актуелни или поранешни сопружници


Франција – Во 2020 година во Франција се убиени 90 жени од страна на нивните сопружници или поранешни сопружници, наспроти 146 претходната година. Министерот за правда Ерик Дипон-Морети ги пофали овие резултати во борбата против насилството врз жените, иако тие се „премногу скромни“, јави дописникот на МИА. -Во 2020 година извршени се 106 злосторства и 90 […]

Со „Фросина“ и „Мирно лето“ Кинотека учествува во европската „Сезона на филмски класици“


Европската асоцијација на кинотеки (ACE), кон крајот на минатата година го започна проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films), во кој учествува и Кинотеката на Македонија. Првата проекција во рамки на проектот се одржа во декември 2020 година, кога Југословенската кинотека – на својот „јутјуб“ канал – го прикажа немиот филм „Грешница без грев“ (1930, р. Коста Новаковић), а втората […]

По Зидан, и претседателот на Реал Мадрид позитивен на коронавирус


Шпанија – Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирус, но не покажува симптоми, соопшти попладнево актуелниот шпански фудбалски првак. -Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува симптоми, се наведува во клупското соопштение. Перез идниот месец ќе го прослави својот 74 роденден. Пред него, позитивен на коронавирус […]

Активистите во Мјанмар повикуваат на граѓанска непослушност


 Националната лига за демократија (НЛД), на притворената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Чи, денеска побара од армијата, која ја презеде контролата во земјата, ослободување на Аунг и признавање на изборната победа на НЛД на изборите што се одржаа во ноември минатата година. Еден ден по апсењето на Аунг се уште не е позната локацијата […]

Стојанче Ангелов и поглаварот на ИВЗ го осудија скандирањето „УЧК“


Заедничка осуда на радикализмот и национализмот, како и на неодамнешното скандирање „УЧК УЧК” и „голема Албанија“ е нешто околу што се согласиле првите луѓе на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Екрем Зендели со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху на средба што се одржа во Ријасетот, информираат од ЦУК. Како што извести Центарот […]

Меѓународно признание за ЦЕА – рангирана на 37 место глобално за квалитетот и интегритетот на политики и процедури


Според годишниот Global Go To Think Tank Index Report за 2020 година кој се изработува од Универзитетот во Пенсилванија, САД (University of Pennsylvania), Центарот за економски анализи-ЦЕА е на 37 место глобално од вкупно 75 тинк тенкови (истражувачки центри) и единствена од Северна Македонија измерена по сигурност на квалитетот на производите и интегритетот на политиките […]

Во Крушево в лето ново првенство во параглајдерство


 Во Крушево за в лето е закажано уште едно првенство, по најавата дека почнува пријавувањето за светското првенство во змејарство што ќе се одржува од 18 до 31 јули. Според локалните власти, станува збор за  „Крушево Озон опен“ (Krusevo Ozon Open), првенство во палаглајдерство кое ќе се одржува од 4 до 10 септември. Организаторите се надеваат […]

Лансет: Ефикасноста на „Спутник v“ е потврдена со 91,6 проценти


Русија – Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ во спречувањето на зараза со коронавирусот е 91,6 проценти, покажува прегледот на резултатите од третата, доцна фаза на клиничките испитувања, објави меѓународното медицинско списание „Лансет“. Британските медиуми пренесуваат дека руските истражувачи соопштиле дека резултатите од третата фаза на истражувањето значат дека светот доби уште едно ефикасно оружје во […]

Не се проблем само вакцините – има недостиг и на шприцеви


Кинеските производители на медицински шприцеви предупредуваат дека некои нарачки веројатно нема да бидат исполнети до јуни поради невидена побарувачка создадена со вакцинација против КОВИД-19 во земјите низ светот. Земјите ширум светот започнаа амбициозни кампањи за вакцинација во текот на минатиот месец за да се спречи ширењето на корона вирусот. Кабинетот на новиот американски претседател Џо […]

Говорот на Навални во судот: „Го повредив до смрт, затоа што преживеав“


Денеска, 2 февруари, Окружниот суд Симоновски во Москва го разгледува барањето на Федералната казнено-поправна служба да ја активира условната казна за рускиот опозициионер Алексеј Навални и да го осуди на 3,5 години затвор во случајот „Ив Рошер“. Независната руска Телевизија Дожд  објави препис од говорот на Навални во судот. Целиот процес се следи со големо […]

Грција доби уште 728 милиони евра заеми преку програма на ЕУ


Грција– За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција денеска доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (СУРЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку […]

Во САД убиени пет деца и еден маж


Шест луѓе, од кои пет деца, се убиени од огнено оружје во градот Мускоџи во американската сојузна држава Оклахома. Полицијата уапси вооружен маж осомничен за злосторството, јави УСА Тудеј. Полицијата добила дојава за нападот ноќеска во 1.30 часот откако од куќата се слушнале истрели. Полицијата таму нашла маж со пиштол, при што еден полицаец пукал […]

Хјуман рајтс воч: Без дискриминација да се обезбедат вакцини за сите во Сирија


Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска повика на поддршка за хуманитарните групи во Сирија за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцини против коронавирус во целата земја, која е зафатена од војна, и ја повика владата во Дамаск да не прави дискриминација, пишува британски Гардијан. – Оние кои ја снабдуваат Сирија треба да […]