По Зидан, и претседателот на Реал Мадрид позитивен на коронавирус


Шпанија – Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирус, но не покажува симптоми, соопшти попладнево актуелниот шпански фудбалски првак.

-Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува симптоми, се наведува во клупското соопштение.

Перез идниот месец ќе го прослави својот 74 роденден.

Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.