Во Хрватска нови 387 новозаразени, починаа 17 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 387 нови случаи со корона вирус, а активни се 2.536. Од нив 1.258 пациенти се лекуваат во болница, а 91 се на респиратор. Починаа 17 пациенти, Досега во Хрватска се забележани 232.907 заразени, починаа 5.071, оздравеа 225.300. Тестирани се вкупно 1.199.349, од кои 6.343 во последните 24 […]

Финска медицинска сестра користи седум дози од едно шишенце на вакцината на „Фајзер“


Една финска медицинска сестра се најде на насловните страници со тоа што направи нешто кое се чини дека ја негира фармацевтската компанија „Фајзер“ во однос на нејзината проценка дека секоја вакцина за Ковид-19 е доволна за пет дози, покажувајќи дека седум лица можат да се вакцинираат со користење на едно шишенце. Сари Рос, медицинска сестра […]

Индија ќе предложи закон за забрана на приватни крипто-валути


Долниот дом на индискиот Парламент ги објави плановите за нацрт-закон што ќе спречи функционирање на сите „приватни крипто-валути“ во земјата. Ова исто така важи и за популарните крипто-валути, како што е Биткоин. Наместо тоа, парламентот сака да предложи подготовка на рамка што ќе овозможи создавање на официјални дигитални пари, под покровителство на Банката на Индија, […]

Се продава „Рамстор“, потпишан преддоговор со „Сити Плаза ДОО“, компанијата на Ајдован Адемовски


Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“. – Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза […]

ЕК исплати нови 14 милијарди евра помош на земјите-членки


Белгија– Европската комисија исплати 14 милијарди евра на девет земји-членки во четвртата транша од финансиската поддршка наменета за зачувување на работните места. Во рамките на денешната транша, Белгија доби 2 милијарди евра, Кипар 229 милиони евра, Унгарија 304 милиони евра, Летонија 72 милиони евра, Полска 4,28 милијарди евра, Словенија 913 милиони евра, Шпанија 1,03 милијарди […]

Џенифер Лопез ќе игра во новиот филм „Мајка“ во режија на Нетфликс


Пејачката и актерка Џенифер Лопез се здружува со Нетфликс во акцијата со наслов „The mother“ („Мајка“). Лопез наводно ќе игра смртоносен убиец во приказната, според класиката „Професионалецот“ на Лук Бесон. Холивудската ѕвезда во филмот игра лик на убиец кој се крие за да ја заштити ќерката од која се откажала со години, додека бегала од […]

Бакингемската палата негира дека го промениле името на Арчи во изводот за родени


Англија– Бакингемска палата е во спор со канцеларијата на Меган Маркл, по изјавата на високо избрани извори за „Дејли Бист“ дека всушност името на Арчи, синот на Маркл во изводот за родени е сменето од нејзината канцеларија. Претставниците на Меган инсистираат дека таа стои зад нејзиното тврдење и нема апсолутно никаква вмешаност во промената на […]

Кривичниот суд во 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети


Основниот кривичен суд Скопје 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, рече претседателот на судот Иван Џолев на денешниот брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации .   Говорејќи за последните статистички податоци за работата на судиите во Кривичниот суд, […]

Фајзер годинава очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19


САД– Американската фармацевтска компанија Фајзер годинава очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си. Вакцината против коронавирусот на Фајзер, која тој ја произведува заедно со неговиот германски партнер Бионтек, беше прва во САД која беше одобрена за итна употреба. Во текот на 2021 година, Фајзер предвидува вкупни приходи […]

Анџелина Џоли: Со нетрпение го чекам мојот 50-ти роденден


САД– Анџелина Џоли карантинот го минува дома со своите шест деца, справувајќи се со нејзината работа, нивното домашно школување и нивните сопствени актерски проекти. Обично, холивудската ѕвезда е прилично „лаконска“ околу нејзиниот семеен живот, но сега таа даде интервју за британски „Вог“, со не толку лаконски одговори за децата и, тоа е навистина ретка прилика. Украсувајќи ја […]

Се одложи судењето на Јово Вангеловски


  Се одложи судењето против Јово Вангеловски, поранешниот претседател и судија на Врховниот суд кој е обвинет дека како претседател на Врховниот суд не ѝ исплатил додаток на плата на својата колешка, врховната судијка Лидија Неделкова. Судското рочиште се одложи оти судијката задолжена за овој судски процес е во излолација.

„Фајненшл тајмс“: Балканските држави се вртат кон Русија и Кина за вакцините


Балканските држави се обидуваат да стигнат до анти-ковид вакцини од Русија и од Кина во недостиг на дози што ги произведуваат западните компании. Притоа, се нагласува во текстот на угледниот лондонски „Фајненшл тајмс“ (ФТ), станува збор за држави кои сакаат да станат членки на НАТО и на Европската Унија (ЕУ). – Светот удри во глечер, […]

Мицкоски почна кампања за локалните избори


 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претставници на партијата денеска имаа средби со занаетчии од Старата скопска чаршија во рамки на серијата средби што оваа партија ќе ги има до почетокот на претстојните локални избори. -Денеска практично ја отпочнуваме клучната подготовка за локалните избори што ќе се одржат за неколку месеци од денеска. Симболично ја […]

Се уредува пешачка патека од Кочани до браната Гратче


Општина Кочани го почна проектот за проширување и уредување на пешачка патека од населбата Бавчалук до браната Гратче, чија должина е околу 3,5 километри. Градежните работи се дел од проектот „Планински велосипедски рај“ за кој локалната самоуправа обезбеди грант од над 30,5 милиони денари, како дел од вториот повик за инвестиции во инфраструктурата поврзана со […]

Битиќи и Бектеши ја посетија „Раде Кончар ТЕП“, компанија која успешно работи и во време на пандемија


Продолжете да бидете активни и да вложувате во развојот на вашите компании и во човечкиот потенцијал. Владата и понатаму ќе продолжи да биде вашиот партнер и поддршка, ќе креираме нова развојна економија, им порача на стопанствениците вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП, која, како што рече, е […]

Судот од Стразбур ја осуди Бугарија за неефикасна истрага за наводите за сексуално злоупотреба деца сместени во институција


Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) од Стразбур во пресудата донесена од Големиот совет, во случајот Х и други против Бугарија (апликација бр. 22457/16), во врска со наводите за сексуална злоупотреба на три деца во дом за деца во Бугарија, пред нивното усвојување од италијанска брачна двојка во јуни 2012 година, оцени дека Бугарија не […]

Захарова го критикува присуството на западни дипломати во судницата


 На изрекувањето пресуда за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални присуствуваат неколкумина странски дипломати, што руското Министерство за надворешни работи го оценува како доказ за обид на Западот да се меша во внатрешните работи на Москва. Навални е обвинет дека повеќе пати ја прекршил условната казна и во тек е рочиште на кое се разгледува дали […]

Мутацијата на корона вирусот која загрижува настанала спонтано


  Мутацијата на корона вирусот E484K која предизвикува најголема загриженост се појавила спонтано во сојот B.1.1.7 отктиен во Велика Бротанија, рече професорот по епидемиологија и член на кризниот штаб Калум Сампл. Мутацијата E484K која се јави на протеинот S иста е како промената видена во соевите откриени во Јужна Африка и Бразил кои предизвикаа меѓународна […]

Италија ги попушти мерките, кафулињата полни (Фото)


  Италија во понеделникот попушти некои од епидемиолошките мерки и меѓу првите ги отвори кафулињата. По строгите мерки кои беа воведени во текот на божиќните и новогодишните празници, соопштено е дека две третини од земјата ги задоволуваат условите за влегување во ткн. „жолта зона“ во која на кафулињата им е дозволено повторно да послужуваат на […]

Британија почнува масовно тестирање од врата до врата


Велика Британија започнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата до врата во области каде е откриен новиот вид корона вирус од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“. Во осум области каде што е откриен новиот вид вирус од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми на болеста. Околу 10.000 граѓани ќе бидат […]