Британија почнува масовно тестирање од врата до врата


Велика Британија започнува масовно тестирање на 80.000 граѓани од врата до врата во области каде е откриен новиот вид корона вирус од Јужна Африка, пренесува „Гардијан“.

Во осум области каде што е откриен новиот вид вирус од Јужна Африка, граѓаните ќе бидат тестирани без оглед дали имаат симптоми на болеста.

Околу 10.000 граѓани ќе бидат тестирани во секоја од овие области, а три се наоѓаат во Лондон.