Во Крушево в лето ново првенство во параглајдерство


 Во Крушево за в лето е закажано уште едно првенство, по најавата дека почнува пријавувањето за светското првенство во змејарство што ќе се одржува од 18 до 31 јули.

Според локалните власти, станува збор за  „Крушево Озон опен“ (Krusevo Ozon Open), првенство во палаглајдерство кое ќе се одржува од 4 до 10 септември.

Организаторите се надеваат дека третото издание на ова првенство ќе се одржи непречено и дека ќе биде забавен и едукативен настан.

„Крушево Озон опен“ го организираат домашни параглајдинг-клубови и веќе три години носи учесници од многу европски држави.