Облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 7 до 14 степени. Во Скопје и околината времето […]

Реал нема да се врати во Мадрид поради снежните врнежи и веднаш ќе лета за Малага на натпреварот од Суперкупот


Експедицијата на Реал нема да може да се врати во Мадрид во скоро време поради обилните снежни врнежи во Шпанија. Како што објави „Ас“, клубот е известен дека не е можно враќање на играчите во главниот град со авион. „Кралевите“ остануваат во Памплона по саботниот натпревар против Осасуна (0:0) во рамките на 18. коло во […]

Палестинската управа се жали дека Израел не им дава вакцини против Ковид-19


Палестинските власти денеска соопштија дека очекуваат првите дози од вакцината против Ковид-19 да ги добијат во март, во договор со производителот на лекови „АстраЗенека“, притоа обвинувајќи го Израел за заобиколување на својата обврска да обезбеди достапност на вакцините на окупираните територии. Британските медиуми пренесуват дека иако Израел веќе е светски лидер во вакцинирањето против коронавирусот, […]

Мнозинството Американци сметаат дека Трамп треба да се отповика пред 20 јануари


Мнозинството Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде отповикан од функцијата пред новоизбраниот претседател Џозеф Бајден да положи заклетва, на 20 јануари, а две третини го сметаат за лично одговорен за насилниот упад во Капитол, се наведува во денеска објавената анкетана Еј-Би-Си њуз и Ипсос. Според истражувањето на јавното мнение, 56 проценти од […]

Ќе ни бидат потребни речиси две години да го достигнеме нивото на БДП од 2019


Светска банка проценува дека македонската економија минатата година падна 5,1 отсто, а годинава очекува раст на домашниот бруто-производ за 3,6 отсто и 3,5 отсто наредната година. Ова, математички, укажува дека враќање на БДП на нивото пред пандемијата ќе може да се очекува дури наредната година, под претпоставка дека и оваа и во 2022 година македонската […]

Дојче банк ќе им плати на САД казна од 100 милиони долари


Германската Дојче банк се согласи пред американски суд да плати казна во износ од над 100 милиони долари, со цел да избегне кривичен процес по обвинението дека била дел од меѓународна коруптивна мрежа за добивање бизниси во Саудиска Арабија. Адвокати на Дојче банк, која одамна има деловни врски со американскиот претседател Доналд Трамп, го потврдија […]

Пелоси: Претставничкиот дом денеска ќе продолжи со чекори за импичмент против претседателот Трамп


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе продолжи со чекорите за спроведување на постапката за импичмент против претседателот Доналд Трамп, потврди синоќа спикерката на Домот, Ненси Пелоси, во писмо до демократските конгресмени. „Утре изутрина“, напиша Пелоси, „треба да биде поднесена резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го собере и мобилизира Кабинетот за […]

Македонски производ по светски стандарди, за здравје и ум на европските пазари


Редовното консумирање лешници го продолжува животниот век за 20 проценти. Лешникот е храна за мозокот, го зголемува имунитетот, позитивно дејствува на кожата, коските, срцето, а помага и за одржување на физичката и менталната кондиција. Токму поради делотворните својства на лешникот, Бошко Нелкоски добил идеја за почнување семеен бизнис. Најпрво младиот Нелкоски од струшкото село Драслајца […]

Ким Џонг-ун избран за генерален секретар на Работничката партија на Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на конгресот на Работничката партија, викендов во Пјонгјанг, е избран за генерален секретар на оваа единствена и владеачка партија во земјата. Неговото назначување доаѓа по ревизијата на статутот на партијата, со кој се врати секретарскиот систем, укинат на претходниот конгрес во 2016 година, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејската […]

Забранет сообраќајот на патниот правец Мавровска крстосница – Дебар


Поради одрони и паднати дрва на патот од вчера од 18.30 часот е воведена забрана за движење за сите типови на моторни возила на патниот правец од Мавровска крстосница до Дебар, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на […]

Се интензивираат преговорите со Бугарија,  деновиве размена на предлози за Акцискиот план


Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија се договорија претстојниве денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна со цел да се најде начин да се зајакне неговата имплементација и ефикасност. Со тоа од МНР очекуваат да се врати […]

Бројот на приеми во болниците стабилен, вкупно се лекуваат 798 позитивни и суспектни на Ковид–19


Во земјава во деноноќието меѓу саботата и неделата часа беа регистрирани нови 345 случаи на Ковид-19 и заклучно со вчерашниот ден вкупниот бројот на активни случаи изнесува 16.419. Од почетокот на пандемијата вкупно се заразени 86494 лица, бројката на оздравени пациенти е 67.453, а на починати 2.622. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на […]

Научен собир „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“


Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје денеска организира онлајн научен собир на тема „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“. – Со оглед на тоа дека лицата со посебни потреби, а во овој случај – децата со посебни потреби се најчувствителна и најранлива категорија, мошне е […]

Облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни


Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе […]

Во вирално видео, Шварценегер ги спореди немирите во Капитол со настан што беше увертира на холокаустот


На видеото објавено на Твитер во неделата, кое брзо привлече милиони прегледи, Арнолд Шварценегер, филмската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија, ги спореди немирите во Капитол минатата недела со Кристалната ноќ (Kristallnacht), дивеењето во Германија во 1938 година во кое толпа инспирирана од нацисти гореше синагоги и уништуваше дуќани во сопственост на Евреите. Седнат на […]

„Фејсбук“ ја укинува опцијата „лајк“ за јавните страници


„Фејсбук“ ја укинува опцијата „лајк“ од своите редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави компанијата, пренесува Ројтерс. На страниците на „Фејсбук“ ќе бидат прикажани само следбениците и ќе има наменски News Feed каде што корисниците ќе можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со врсници и да стапат во […]

Паѓа снег во Глина, а 60-тина луѓе ноќта ќе ја поминат без покрив над глава


Куќички и контејнери на подрачјето на Глина, едно од местата многу погодено со земјотресите во Хрватска, се уште недостасуваат. Луѓето спијат во шталите. Ги чекаат статичарите да ги проценат нивните објекти дали се безбедни за живеење. За состојбата во Глина, за Н1 зборуваше и градоначаникот Стјепан Костањевиќ. – Во Глина вечерва паѓа снег, а тамошниот […]

Америка беше силно против бугарскиот иредентизам


Бугарската влада се надеваше дека можеби Американците ќе бидат сочувствителни на бугарскиот иредентизам и ќе ги признаат неговите територијални аквизиции. Се покажа дека тоа не може да се случи. Британците бараа Бугарија да ја плати цената затоа што ѝ се приклучи на Оската Германците не биле свесни за содржината на американските белешки, но биле загрижени […]

Земјотрес од 4,7 степени по Рихтер во Турција


  Во 20.53 часот по наше време Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епиценатарот бил на 25 км северозападно од градот Кириккале, со популација до 211.000 жители, и 43 километри источно од Анкара.

ФБИ ги бара оние кои влегоа во Капитол


ФБИ објави фотографии на лицата кои влегле во Капитол за време на демонстрациите на поддржувачите на Доналд Трамп во Вашингтон. Тие повторно ги повикаа граѓаните, во случај некого да препознаат, да пратат дојава на веб адресата која е наменета за тоа. The #FBI is still seeking information to help identify individuals who actively instigated violence […]