Паѓа снег во Глина, а 60-тина луѓе ноќта ќе ја поминат без покрив над глава


Куќички и контејнери на подрачјето на Глина, едно од местата многу погодено со земјотресите во Хрватска, се уште недостасуваат. Луѓето спијат во шталите. Ги чекаат статичарите да ги проценат нивните објекти дали се безбедни за живеење.

За состојбата во Глина, за Н1 зборуваше и градоначаникот Стјепан Костањевиќ.

– Во Глина вечерва паѓа снег, а тамошниот штаб очекува да продолжи да паѓа и во текот на ноќта, затоа вели градоначалникот, договоривме службите да излезат на терен и да осигураат проодност на патиштата.

– Имаме многу потреба за сместување. Премногу барања за камп-куќички. Донациите пристигнуваат секојдневно. Досега се поставени 200 куќички, а има уште 600. Времеснките услови го отежнуваат поставувањето, додава Костањевиќ.

Војската е таа која работи ан поставување на куќичките, ги оспособуваат патиштата, а поради временските услови има и одрони и лизгање на земјиште и тоа мора да се санира.

На прашањето колку негови сограѓани ноќта ќе ја поминат надвор, тој вели околу 60, а додава дека не можат на сите да им овозможат сметување во куќички. Капацитети имаат и во хотели, но многумина, според него, не сакаат да ги напуштат своите огништа.

– Ги повикувам сите да се јават да ги сместиме на сигурно и топло. Ќе ги вратиме што побрзо во нивните домови -вели тој.

Според него, сите 69 населби на подрачјето на Глина до денеска биле посетени од службите.

Додава дека денеска е веќе тринаесетти ден од првиот силен земјотрес, а тлото постојано се тресе, луѓето се исплашени, а тие се обидуваат на сите да им обезбедат покрив над главата.