Светското првенство во ракомет во Египет, сепак, без публика


Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари, сепак ќе остане без публика. Иако организаторите најавија дека ќе ги отворат вратите на салите за одреден број гледачи, тие ја сменија својата одлука само неколку дена пред почетокот на натпреварите. Според првичниот план, салите требаше да бидат исполнети со […]

Пад на бројот заразени во Италија


  Во Италија, во последните 24 часа од корона вирус починаа 361 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Тоа е пад во однос на претходните денови кога смртните случаи достигнуваа и до 483, пренесе Ројтерс. Од корона вирусот во Италија досега починаа 78.755 лица. Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Италија заразени се 18.627, што исто […]

Во Русија откриен прв случај со британскиот сој од вирусот


  Во Русија е откриен првиот случај на забоелн со корона вирус, но со мутираната верзија која беше забележана во Британија, соопшти денеска Ама Попова, директорка на руското тело за здравствен надзор. Се работи за руски државјанин кој се вратил од Велика Британија, пренесе Риа новости. Агенцијата потсетува дека Русија минатиот месец ги суспендира летовите […]

Насилниците го барале Мајк Пенс во Конгресот за да го обесат


Извиците се слушаа низ многу ходници во Капитол кога толпата успеа да се пробие во зградата   Твитер ја запре фразата „Обесете го Мајк Пенс“ која стана популарна во саботата откако компанијата го суспендираше профилот на Доналд Трамп. Ваквите извици се слушаа во американскиот Капитол во средата, кога толпата поттикната од претседателот се обиде да […]

Денеска 345 новозаразени, починаа осуммина


Во последните 24 часа се направени 2.455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 129 -Куманово 21 -Дебар 9 -Штип 12 -Прилеп 26 -Тетово 10 -Струга 8 -Велес 13 -Битола 6 -Охрид 23 -Кавадарци 31 -Гостивар 1 -Гевгелија 7 -Струмица 9 -Крива Паланка 6 -Радовиш 5 -Крушево 4 -Пробиштип 1 -Виница […]

Ситуацијата кај Пумпната станица за вода во Битола ставена под контрола


Со извонреден напор и неколкучасовна акција спречена е еколошка катастрофа во водоснабдувањето на Битола и Пелагонија. „Надмината е опасноста да биде загрозено водоснабдувањето на Битола и пелагониските општини Новаци и Могила. Со натчовечки сили спречена е еколошка катастрофа, која со надојдената вода ѝ се закануваше на Битола во снабдувањето со чиста вода за пиење. Потпорниот […]

Словенечките полицајци во штрајк од утре


Словенечката полиција утре почнува „бел“ штрајк, што може да влијае на сообраќајот на граничните премини со Хрватска, соопшти денеска Полицискиот синдикат на Словенија. Штрајкот почнува во 7 часот наутро. Синдикалците се незадоволни затоа што не беше реализиран договорот со поранешната влада, според кој на некои категории полицајци требаше да им се зголемат платите. Тие тврдат […]

Забрана за сообраќај на патниот правец Маврово-Дебар


Забрана за движење за сите моторни возила е воведена на патниот правец крак Маврово-Дебар на потегот од крстосницата за Маврово до Дебар. Како што информира АМСМ забраната за движење е воведена од 18:30 часот од безбедносни причини поради одрони и паднати дрвја.

Камала Харис како тазе потпретседателка доби насловница на „Вог“. Меланија Трамп како прва дама ниту еднаш


САД- Новата потпретседателка која испиша историја Камала Харис ја краси насловната страница на февруарскиот број на американскиот Вог. Вог официјално ја објави насловницата денес на Твитер и Инстаграм. Ја фотографираше Тајлер Мичел, кој во 2018 година стана првата црномуреста фотографка на магазинот која потпишува насловница. Харис позира на две корици. На едната, таа е фотографирана […]

(Фото) Крвав поход во Чикаго – уби три и рани четири лица


  Маж стар 32 години уби три и рани четири лица во низа пукања низ Чикаго во САД. Најпосле тој е совладан и убиен од полицајците. Истражителите се обидуваат да го дознаат мотивот за овој крвав поход. Тој започнал со убиство на 30-годишен студент на Универзитетот во Чикаго, кого Џејсон Најтингел го застрелал во главата […]

Истражување: Ковид-терапијата и интензивната нега се поврзани


  Пациентите со тежок облик на зараза од корона вирус, кој се лечени на одделенијата за интензивна нега, имаат два пати поголема можност за компликации како мозочен делириум и кома, отколку пациентите во истите одделенија, но кои не се заразени со вирусот. До овие податоци дојде меѓународен тим лекари и истражувачи кои ги испитувале болничките […]

Излеани реки, прекин на струја, заматена вода за пиење и отежнат сообраќај поради обилните дождови


Дождот што речиси непрекинато паѓа во поголемиот дел од земјава последните два дена, предизвика проблеми на повеќе патни правци, а се излеваат и реки, се полнат акумулациите, а водата во Дебар, Тетово и Струга, што тече од чешмите, не е за пиење поради заматеност. Исто така, шеесет и шест годишен маж од Прилеп, загина денеска […]

Магла на Стража, Ѓавато и Пресека


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100 метри на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. Од ЈП Македонијапат препорачуваат крајно внимателно возење на патниот правец крак Маврово-Маврови Анови поради појава на одрони. Потсетуваат дека е можна појава на поситни одрони на […]

Полицијата трага по двајца тинејџери


  Момче на возарст од 14 години и девојка на 16 години се двајцата тинејџери по кои полицијата трага од вчера, откако нивните родители пријавиле дека не се вратиле дома. СПоред полицискиот билтен, Е.Д.(39) од Штип вчера во 7.45 часот во СВР Штип пријавил дека неговиот син С.Д.(14) се оддалечил од дома. Истиот ден, К.Н.(42) […]

МЕПСО: Невремето го прекина снабдувањето со електрична енергија во Дебар и околината


 Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија во градот Дебар и околни населени места, информира АД МЕПСО. -Тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија. […]

Полицијата го најде и вториот насилник од видеото во автобусот на ЈСП


Денес е идентификуван и вториот насилник од двајцата кои упатија сериозни закани кон група патници во автобус на ЈСП, објави Сител. Нивното однесување стана јавно откако беше објавено видео од автобусот, на кое се гледа дека по барањето на патниците тие да ги стават маските соодветно двајцата заканувачи почнуват со погрдните зборови. Се закануваат дека […]

Одрони од камења и дрвја на коловозот го попречуваат сообраќајот по регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови


Одрони од камења и дрвја паднати на коловозот го попречија нормалното одвивање на сообраќајот на регионалниот патен правец Гостивар-Маврови Анови-Дебар. Заради расчистување на материјалот утрово во неколку наврати имаше и застој. Во моментов возилата се пропуштаат наизменично. Според првичните информации на службите кои работат на терен три места по делницата од раскрсницата за Кичево-Гостивар кон […]

Во Србија уште 1.795 новозаразени, починаа 34 пациенти


  Според последните податоци во Србија има уште 1.795 новозаразени со корона вирусот. а починаа 34 лица. На респиратори се 201 пациент ширум земјата. Тестирани биле 10.564 луше, од кои 16,99 отсто се позитивни. Досега тестирани се 2.399.702, а позитивини биле 359.689. Од почетокот на пандемијата починаа 3.582 пациенти Премиерката Ана Брнабиќ закажа нова седница […]

Атрактивна шпанска водителка на снежната бура практицира јога без облека


  Атрактивната шпанска ТВ водителка Кристина Педроче на свој начин ја дожиева бурата „Филомена“, која ја окова Шпанија во снег. Кристина се соблече и потолно гола излезе надвор и практицираше јога на студот. Фотографијата ја објави на Инстаграм каде има повеќе од три милиони следбеници, а на 339.000 им се допадна фотографијата. „Сите сме воодушевени […]

Битолски Драгор носи сѐ пред себе


БИТОЛА – Алармантна е ситуацијата кај пумпната станица на ЈКП „Водовод“ од надојдените води на реката Драгор кои носат сѐ пред себе. Директорот на „Водовод“ Битола, Горан Козаров, вели дека се покажало оти потпорниот ѕид изграден неодамна бил направен во вистинско време за да не дојде до поплави. Ноќеска во Битола наврнаа 17 литри на […]