Во Шпанија медицински сестри пешачат 20 километри низ снегот за да ги одменат колегите во болниците во Мадрид


Неверојатна пожртвуваност на здравствените работници да им помогнат на колегите кои поради блокираната земја од снегот останале на работа и по три смени   Здравствените работници во Мадрид се најдоа пред уште еден предизвик – некои пешачат со часови за да им помогнат на своите истоштени колеги, додека Шпанија се бори со смртоносното невреме и […]

Нови 646 заразени во Хрватска, починаа уште 26 пациенти од Ковид-19


  Во последните 24 часа забележани се 646 нови случаи на зараза со вирусот САРС-Ков-2 во Хрватска, а бројот на активни случаи денеска изнесува 5.499. Меѓу нив 2.131 пациент се на болничко лекување, а од нив 193 на респиратор. Починаа 26 пациенти или вкупно досега 4.368. До денеска забележани се вкупно 219.993 заразени, а оздравеа […]

Во Јапонија откриена трета мутација на Ковид-19


Јапонија откри нова мутација на коронавирусот, јавија локалните медиуми. Пронајден е кај четворица патници од бразилската држава Амазонас. Јапонското Министерство за здравство соопшти дека се спроведуваат студии за ефикасноста на вакцините против новиот, трет тип, што се разликува од многу заразните варијанти на вирусот, откриени за првпат во Велика Британија и во Јужна Африка. Според […]

Од Ковид-19 почина личниот лекар на папата Франциск


Лекарот на папата Фрациск, Фабрицио Сокорзи, почина вчера од компликации предизвикани од коронавирусот, објави ватиканскиот весник Л’Осерваторе Романо. Сокорзи беше личен лекар на папата од 2015 година, и  имаше 78 години. Тој беше хоспитализиран во Рим на 26 декември на онкологија, објави весникот „Авенир“, што ги следи настаните во Ватикан. Не е познато кога Сокорзи […]

Хакиран дел од компјутерскиот систем на Централната банка на Нов Зеланд


Централната банка на Нов Зеланд денеска соопшти дека еден од нејзините системи за податоци бил хакиран од непознато лице, кое најверојатно успеало да ги добие приватни податоци на корисниците, како и на банката. Хакирана е и компанијата што ги споделува информациите на Резервната банка на Нов Зеланд. Гувернерот Адријан Ор рече дека се стопирани понатамошните […]

УНЕСКО потроши 200 страници за да го опише загрозувањето на Охрид


Отстранување на дивопоставените објекти на брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура, отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите […]

Милевски: Гермијан е пример за модерно европско село, со уредувањето на коритото жителите ги заштитивме од поројни дождови


Завршени се градежните активности за уредување на коритото за заштита од поројните дождови во населеното место Гермијан со должина од 340 метри, така што жителите можат да бидат спокојни и да ги вршат своите активности навремено во текот на целата година, потенцираше министерот за локална самоуправа Горан Милевски по посетата на селото кое се наоѓа […]

Османи: Не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати. Во интервјуто за Радио Слободна Европа наведува дека сега кога влегуваме во друг сојуз со други […]

До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември. Таа рече дека дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари. – Така до мај, јуни се надевам дека ќе можеме да […]

Ски-лифтовите на Попова Шапка запрени поради дожд и магла


Врнежите од дожд и појавата на магла на скијачките терени се причина да не работат ски-лифтовите на скијачкиот центар  Попова Шапка, инфомираат од раководството.  Дождот ги оштетува патеките, а видливоста е мала поради маглата. -Поради неповолните временски услови проследени со магла и дожд денеска ски-центарот нема да работи. Штом се создадат услови во текот на следните […]

Британија вакцинира 200.000 луѓе дневно


 Британија вакцинира 200.000 луѓе дневно против Ковид-19 и планира да ја засили имунизацијата на два милиона неделно, што е неопходно за да се заштитат најзагрозените лица до средината на февруари, изјави денеска британскиот министер за здравство Мет Хенкок. – Во моментов, ние вакцинираме над 200.000 луѓе секој ден, изјави Хенкок за Скај Њуз. Според него, околу една […]

Кривична пријава за четири лица поради измама со возила, и за шест лица поради прикривање и помагање


 Одделението за криминалистички работи во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(27), поради постоење основи на сомневање дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради постоење основи […]

Израелскиот министер за здравство: Вакциниравме петтина од населението


  Во Израел за три недели, против корона вирус вакцинирани се 20 отсто од населението, соопшти министерот за здравство Јули Елекстејн. Тоа е најголема кампања на вакцинирање во историјата на земјата. „Завршивме три недели од кампањата „Враќање во живот“ со одлични вести“, објави Еделстејн утрово на Твитер, истакнувајќи дека 1.817.000 од 9,2 милиони жители ја […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 17 пациенти, вкупно се лекуваaт 360


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани […]

Индонезија: Во лизгање на земјиште загинаа 11 луѓе


  Обилните дождови и невремето на западот на Индонезија покренаа лизгања на земјиште кои однесоа 11 човечки животи, а повредени се уште 18. „Првото лизгање на земјиште го предизвика силен дожд, а потоа се створи лизгање на земјиштето на теренот каде спасувачите се обидуваа да ги евакуираат загрозените мештани“, изјави претставник на агенцијата за вонредна […]

Пожар во старечки дом во Сибир, загинаа седуммина


  Седум лица загинаа вчера во пожарот во еден старечки дон во Сибир, соопштија локалните власти. Пожарот се случил во приватен дом за стари лица во западен Сибир, а полицијата го приведе сопственикот на домот поради обвинение за кршење на безбедносните прописи, пренесе АП. Локалните власти соопштија дека објектот во кој се случила несреќата не […]

Во посета на „Лајка“: Доби ли Скопје стационар по светски стандарди?


Прифатилиште за бездомни животни чии услови ќе ги задоволат потребите од хуман третман и нега на бездомните кучиња е нешто за што во земјава се зборува долги години и за кое речиси и да немаше надеж, иако претходно „функционираше“ стационар, за кој и здруженијата, а воедно и граѓаните имаа критики и реагираа за нехуман третман. […]

Во Бугарија од ден на ден паѓа бројот на новозаболени од корона


Во последните 24 часа во Бугарија регистрирани се 394 нови случаи на корона вирус од 5.910 тестови извршени во последните 24 часа, покажуваат податоците објавени во Единствениот информативен портал. Вкупното учество на позитивните тестови е 6,66%. Еден ден порано, овој процент беше 7,7. Вкупниот број на заразени со корона вирус во Бугарија е веќе 208.406, […]

Црногорците натпреварот во лежење го прилагодија на пандемијата


Корона вирусот влијаеше врз многу работи, па сопствениците на етно селото „Монтенегро“ во близина на Никшиќ, минатата година не го организираа традиционалниот натпревар во лежење. Затоа тие одлучија да организираат нов натпревар оваа година, во согласност со моменталната состојба – натпревар во самоизолација. Натпреварот започнува на 5 февруари, а победникот добива парична награда од 300 […]

 Мајк Пенс ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден


 Актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс ќе биде присутен на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, изјави висок претставник на администрацијата. Актуелниот претседател Доналд Трамп, пак, во петокот најави дека нема да се појави на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.