Во Бугарија од ден на ден паѓа бројот на новозаболени од корона


Софија

Во последните 24 часа во Бугарија регистрирани се 394 нови случаи на корона вирус од 5.910 тестови извршени во последните 24 часа, покажуваат податоците објавени во Единствениот информативен портал. Вкупното учество на позитивните тестови е 6,66%. Еден ден порано, овој процент беше 7,7.

Вкупниот број на заразени со корона вирус во Бугарија е веќе 208.406, од кои активни се 65.745. Хоспитализирани се 4.190 лица, од кои 380 на одделот за интензивна нега

Во последните 24 часа во Бугарија се опоравиле 542 лица. Вкупниот број на излекувани досега е 134.564.

Вкупниот број на смртни случаи од вирусот во Бугарија достигна 8.097, од кои 19 во последните 24 часа.

Вакцинацијата продолжува, но со мало темпо: во саботата беа имунизирани само 118 лица.