Заев се пофали: Ние сме регионален лидер во енергетиката


Идната година официјално ќе започне проектот за изградба на гасовод со Грција, најави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил на кој ги набројува стратешките проекти што е планирано да се реализираат годинава.   – Во енергетиката навистина имаме што да кажеме и имаме аргументи зошто сме лидер во регионот по ова прашање, пишува Заев […]

Во Албанија започна вакцинацијата против коронавирусот


Во Албанија денеска започна вакцинацијата против коронавирусот, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници. Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека вакцинирањето започнало пред помалку од еден час и дека во борбата против „невидливиот непријател“ започнала фазата на голема офанзива против непријателот и негово „заминување од нашите животи“. Албанската Влада обезбеди 500.000 вакцини од […]

Обвинетите од ,,Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони


Одбраната и обвинетите во случајот ,,Монструм” денеска ќе извршат увид во извештајот на МВР за анализата на 10 од 31 мобилен телефон. Оваа одлука произлезе од фактот дека адвокатите и обвинетите во овој предмет добиле само известување од анализата, но не и содржината на извештајот на МВР за мобилните. Претставникот од Одделението за дигитална форензика, […]

Коѕијас: Бугарија е Херкул без мускули


Атина го предупредила Европскиот совет дека Красимир Каракачанов турка политика која е надвор од рамките на ЕУ уште кога бугарското пртседателство со Унијата поставило статуа на лав во градината на Националната палата на културата, кој држеше штит со картата на Сан Стефано како одраз на „Голема Бугарија“. Ова го изјави поранешниот министер за надворешни работи […]

Шест радио станици во Црна Гора ќе ја прекинат програмата 12 часа


Шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма во следните 12 часа поради финансиски проблеми. На тој начин тие сакаат да го свртат вниманието на ситуацијата во која се наоѓаат. Програмата ќе биде прекината во 11:55 часот. – Дванаесет часовната тишина од нашите фреквенции ќе претставува повик за помош. Ја […]

На Бугарија не и се брза со Македонија, ќе чека идни претседателства на ЕУ


Пред посетата на нашиот специјален пратеник Владо Бучковски, претседателот на парламентарниот комитет за надворешна политика, вицеадмиралот Пламен Манушев порача преку БГНЕС дека на Бугарија не и се брза  да постигне договор со Македонија. -Доколку овие прашања одземат време, подготвени сме да бидеме трпеливи пред да продолжиме со процесот на пристапување. Преговорите ќе продолжат под едно […]

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)


По речиси цела година постоење на вирусот COVID 19 (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум […]

ССК апелира петтиот пакет да се донесе во јануари, мерките да траат најмалку до април


Петтиот економски антикризен пакет да се донесе во јануари и да содржи мерки за одржување на ликвидноста, за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените, бара Сојузот на стопански комори (ССК). Овие предлози, соопшти ССК, ќе бидат доставени до Владата. Според Сојузот, реалниот сектор очекува да траат најмалку […]

Сестрата на Ким Џонг-ун не е на новата листа на Политбирото на партијата


Името на сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не се наоѓа на новата листа на членови на Политбирото на владејачката Работничка партија, објавија денеска државните медиуми, со што се отвора прашањето за нејзиниот актуелен статус по повеќегодишното силно политичко влијание. На вчерашните избори за членови на Централниот комитет, на кои се утврдени петгодишните дипломатски, воени […]

Собранието и официјално се враќа на работа по празниците


Собранието денеска и официјално ќе ја започне работата во новата 2021 година, иако минатата недела веќе се одржа една седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи координативна седница со потпретседателите и првите луѓе на пратеничките групи на која треба да се утврдат активностите во текот на […]

Обвинение за предизвикување верижна сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Скопје


Основното јавно обвинителство во Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, двајцата обвинети на 16 јануари минатата година околу 9:15 часот не се придржувале кон сообраќајните прописи и предизвикале верижна сообраќајна […]

Уште еден републикански сенатор побара од Трамп да поднесе оставка


Пет Туми е втор републикански сенатор кој побара оставка од американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека би можел да се соочи со кривична одговорност поради упадот на негови приврзаници во Капитол Хил, објави Гласот на Америка (ВОА).   – Сметам дека за нашата држава е најдобро претседателот да поднесе оставка и да си замине колку […]

Експертска екипа на СЗО во четврток пристигнува во Кина да го истражи потеклото на коронавирусот


Експертска екипа на Светската здравствена организација (СЗО) во четврток ќе пристигне во Кина да го истражи потеклото на пандемијата на коронавирусот, соопшти Националната здравствена комисија во Пекинг. Првично експертскиот тим на СЗО требаше да пристигне во Кина на почетокот на јануари, но властите во Пекинг не се согласија веднаш да го одобрат нивното пристигнување. Британските […]

Се преврте автобус во Хрватска, осуммина се повредени


  Ноќеска во 2.22 часот на автопатот А1 кон Загреб автобус слета од патот и се преврте. Како што јави полицијата, автобусот на автопревозот „Пожега“, излетал од патот и се превртел при што повредени се двајцата шофери и шест патници. Од полицијата велат дека нема смртни случаи. Во автобусот имало 13 патници. Автобусот бил во […]

Казахстан: Убедлива победа на партијата на поранешниот претседател Назарбаев, приведени десетици незадоволни граѓани


Партијата „Нур Отан“, предводена од влијателниот поранешен претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, убедливо  победи на вчерашните парламентарни избори, освојувајќи речиси 72 проценти од гласовите, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење, пренесуваат британските медиуми. На изборите излегоа пет од вкупно шесте пријавени политички партии, а за бојкот се долучи само опозициската Национал-социјалдемократска партија, пренесе Тасс. […]

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар


Патниот правец Маврово – Дебар е нормализиран и прооден за сообраќај за сите типови на возила, соопштија утринава од АМСМ. Вчера поради безбедносни причини поради одрони на патот и паднати дрвја беше воведена забраната за движење за сите моторни возила на патниот правец Маврово-Дебар од потегот на крстосницата за Маврово до Дебар . Поради врнежите […]

Националистот Садир Жапаров победи на претседателските избори во Киргистан


Киргистанскиот националистички политичар Садир Жапаров убедливо победи на вчера оддржаните предвремени претседателски избори во Киргистан, а кои се одржаа откако граѓанските протести во октомври за спорното гласање во парламентот земјата ја одведоа во политички хаос. Првичните резултати на изборната комисија покажуваат дека Жапаров освои речиси 80 ​​проценти од гласовите во оваа централноазиска држава, тесно поврзана […]

Албанија почнува со вакцинација против Ковид-19


 Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама. – Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19, напиша Рама на својот фејсбук-профил. Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати. Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и БиоНТек. Рама на 1 јануари, врз основа на […]

Поплави во Албанија, војската им помага на евакуираните


Албанската војска ги снабдува со храна и вода домаќинствата во северозападниот дел на Албанија, кои се изолирани поради поплавите предизвикани од поројните дождови. Засега нема информации за човечки жртви и угинување на стока, соопштија албанските власти. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека најмалку 36 семејства се евакуирани од областите Леж и Драч, […]

Си Ен Ен: Разузнавачите мораат да поднесат извештај до Конгресот на САД за НЛО


Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатиот месец го потпиша Законот за економска помош поради пандемијата на Ковид-19 и финансирање владини агенции, вреден 2,3 билиони долари, оттогаш почна да тече рокот на американските разузнавачки служби да го информираат Конгресот какви сознанија имаат за неидентификуваните летечки објекти (НЛО). Директорот на Националната разузнавачка служба и министерот […]