Бајден ќе го именува Вилијам Бернс за директор на ЦИА


САД– Новитот американски претседател Џо Бајден ќе го назначи поранешниот дипломат од кариера, Вилијам Бернс, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти преодниот тим на Бајден. Бернс, поранешен заменик државен секретар на САД, кој 33 години работел како дипломат од кариера, во моментов е претседател на Фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир, пренесуваат  медиумите.

Николовски: 2021 ќе биде антикорупциска година, нема недопирливи


Тест за проверка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и уредби со кои ќе се ограничи користењето на службените картички, возила и останатиот имот со кој располагаат функционерите, се дел од активностите планирани за годинава што денеска ги најави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, […]

Рама ќе се вакцинира денеска


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама најави дека денеска ќе ја прими вакцината против коронавирусот. Тој на прес-конференција изјави дека вакцинацијата почнува денеска во 15 часот, но членовите на Владата и Одборот на експерти нема да имаат подобар третман од останатите и нема да има приоритетно вакцинирање. Претходно беше објавено дека со вакцината, произведена од компаниите […]

Спасовски изврши увид на реконструираниот објект на ОВР Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска извршил увид во условите за работа на полициските службеници на сега веќе реконструираниот објект на ОВР Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, средства од буџетот на МВР. – Објектот беше во доста амортизирана и оштетена состојба, што беше делумна пречка во професионално […]

Поплавена живинарска фарма во Породин, излеана Диховска река во Битолско


БИТОЛА – Дождот не престанува во Битолско, ноќеска се наврнати 25 л на м2 , а по обилните врнежи од дожд во атар на селото Дихово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина. Исто така, излеан е канал кај Брусничко-Лавчански регион 1, а во атарот на селото Породин излеан е канал и […]

Обраќањата на Вучиќ најгледани во ТВ програмата во Србија во 2020 година


Србија– Говорите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и прес-конференцијата по повод епидемијата на коронавирусот се најгледаните телевизиски програми во Србија минатата година, објави весникот Данас, повикувајќи се на податоци на агенцијата Нилсен (Nielsen Auidence Measurement). Како што јави допсиникот на МИА од Белград, на прво место според гледаноста било обраќањето на Вучиќ на 15 март, […]

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар


Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на […]

Микронезија потврди прв случај на Ковид-19


Микронезија – Микронезија денеска го потврди првиот случај на зараза со коронавирус, изјави претседателот на државата Давид Пануело. Оваа островска држава во Пацификот досега беше една од малубројните земји кои немаа регистрирано ниту еден случај на Ковид-19 Член на екипажот на еден брод бил позитивен на тестот на коронавирус. По враќањето од бродот, кој бил на […]

Дејл Фишер: Годинава во светот нема да се постигне колективен имунитет од коронавирусот


Англија– Програмите за вакцинација во текот на оваа година нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија, оценија здравствени експерти, забележувајќи дека причините за тоа лежат пред се во ограничениот пристап на вакцините до сиромашните земји, проблемите со довербата во одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот. Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување […]

Следно рочиште за ,,Монструм” закажано на 21 јануари


Следното рочиште за случајот ,,Монструм” е закажено на 21 јануари. На денешното рочиште за овој случај беше доставен извештај на МВР за анализата на конфискуваните мобилни телефони. Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година […]

Повик за приказни за МКЦ во пресрет на неговиот 50-годишен јубилеј


Младинскиот културен центар објави повик до сите негови сегашни и минати соработници и до поединци што имаат лична или туѓа приказна поврзана со МКЦ да ја раскажат преку писмо насловено „Драг МКЦ“ и да ја пратат на адресата на оваа институција. Повикот е во рамки на активностите за јубилејниот роденден на МКЦ во 2022 година […]

Од среда попладне снег, за викендот многу студено


Времето денеска е облачно со врнежи од дожд. Од пладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од четири до 11 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), утре ќе преовладува променливо облачно време со локални и послаби врнежи од дожд, а на планините на север од […]

Џоан Колинс ја прими вакцината против Ковид, вели безболна е


Англија – Актерката со титула дама Џоан Колинс (87) ја прими вакцината против Ковид19, ѝ ги извести фановите. 87-годишната ѕвезда од хит-серијата од 80-тите „Династија“ во која ја глумеше фаталната Алексис,  на социјалните мрежи објави како во цветен фустан и со маска на лицето ја прима вакцината на лекар во Лондон. Англиската актерка им рече […]

„Епл“ и „Хјундаи“ ги здружуваат силите за самоуправувачки електричен автомобил


Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ и американскиот технолошки гигант „Епл“ наскоро би можеле да го финализираат договорот за производство на самоуправувачки електрични автомобили, а лансирањето на производствените линии се очекува за три години, пренесуваат јужнокорејските медиуми. Преговорите меѓу двете компании се во полн ек, и се очекува конечен договор до март оваа 2021 година. Се […]

Повеќе од 40 отсто од српските граѓани веруваат во теории на заговор за кoрoната


Три четвртини од испитаниците во Западен Балкан веруваат во некои од теориите на заговор во врска со коронавирусот, што е многу поголем процент отколку во другите делови на Европа, додека во Србија околу 41,5 отсто од испитаниците веруваат во вакви теории, покажаа резултатите од истражувањето спроведено во октомври од „Атлантскиот совет“ со седиште во Вашингтон […]

На Северната хемисфера и се заканува леден бран од Арктикот


 Бран студено време од Арктикот, слично на оној што се случи во 2014 година, од крајот на јануари им се заканува на Северна Америка, Европа и Азија. Во зимата во 2014 година температурите во Чикаго опаднаа до минус 27 степени Целзиусови и не е невообичаено студениот воздух од Арктикот сега да навлезе уште појужно, се […]

Меган Маркл не би можела да добие британско државјанство


Англија– По напуштањето на обврските околу кралското семејство и по напуштањето на Велика Британија, Меган Маркл најверојатно нема да може да добие британско државјанство. Имено, според тамошните закони, како што пренесува „Телеграф“, ако некој сака да поднесе барање за државјанство, мора претходно да живеел три години во земјата, како сопруг/-а на британски државјанин. Маркл живееше […]

Јанкуловска за 27 април дознала од телевизија


Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Кривичниот суд во Скопје рече дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите на 27 април. Јанкуловска потенцираше дека одлука на органи на партијата поврзани со протестите не и се познати. „Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, […]

Бучковски од денес во Бугарија


Специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски денеска пристигнува во посета на Софија, јавија бугарските медиуми.За денешното пристигнување на Бучковски во Софија се уште нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, кое пак викедов соопшти дека министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела остварил комуникација со шефицата на бугарската дипломатија […]

Општина Охрид тврди дека била посветена на исполнување на барањата на УНЕСКО


Општина Охрид во изминатите 18 месеци континуирано беше посветена на заложбите за имплементирање на сите препораки на УНЕСКО и успеа да направи многу значајни чекори за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, се тврди во соопштението на Општина Охрид. -Како локална власт, во постојана координација со останатите […]