Поплавена живинарска фарма во Породин, излеана Диховска река во Битолско


Водите на Драгор кај Пумпната станица се запрени

БИТОЛА – Дождот не престанува во Битолско, ноќеска се наврнати 25 л на м2 , а по обилните врнежи од дожд во атар на селото Дихово е излеана Диховска Река и поплавена е помала земјоделска површина. Исто така, излеан е канал кај Брусничко-Лавчански регион 1, а во атарот на селото Породин излеан е канал и поплавена е Живинарска фарма, изформираат од ЦУК. Според нив, известени се надлежните субјекти и во моментов екипите се на терен.

Од Центарот за управување со кризи известуваат дека будно ја следат состојбата преку своите регионални центри и засега состојбата со водотеците е стабилна, има зголемувања на водостојот, но нема излевања, освен во битолскиот регион.

И покрај обилните врнежи се стабилизираат состојбите кај Пумпната станица на ЈКП Водовод Битола по вчерашното излевање на реката Драгор на ова место. 

Според првиот човек на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров ситуација будно се следи по изградбата на импровизиран ѕид пред Пумпната станица.

„На местото на вчерашното излевање на Драгор по потпорниот превениравме со импровизиран ѕид и засега состојбата е нормализирана, но е под наша контрола и будно се следи. Вака ќе биде се до изградба на нов ѕид во продолжение на веќе подигнатиот“, вели Козаров. (А.Б.)