Следно рочиште за ,,Монструм” закажано на 21 јануари


Следното рочиште за случајот ,,Монструм” е закажено на 21 јануари. На денешното рочиште за овој случај беше доставен извештај на МВР за анализата на конфискуваните мобилни телефони.

Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година се обвинети Халил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни на органите за правда, како и Фејзи и Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Лута. Судењето за овој случај со одлука Врховен суд на РСМ во 2017 година е вратен на повторно одлучување.