Британски финансиски регулатор: Внимавајте со криптовалутите


Финансискиот регулатор на Велика Британија, Financial Conduct Authority објави предупредување за инвестиции во криптовалути во државата во кое се нагласува дека крипто-инвестициите и кредитирањето се поврзани со високо ниво на ризик. „Инвеститорите треба да се подготвени да ги загубат сите пари додека инвестираат во крипто“, се наведува во предупредувањето. Од институцијата наведуваат голем број извори […]

Уште 230 новозаразени во Хрватска, починаа 35 пациенти


  Во последните 24 часа забележани се 230 нови случаи на зараза со корона вирусот во Хрватска, а бројот на активни случаи изнесува 4.976. Меѓу нив се 2.140 пациенти на болничко лекување, од кои 191 на репсиратор. Починаа 35 пациенти или вкупно 4.403. До денеска од Ковид-19 заболеа 220.223 лица, а оздравеа 210.844. Тестирани се […]

Џонсон: Во Британија досега вакцинирани два милиона граѓани


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека досега вакцината ја примиле 2,4 милиони граѓани. – Мислам дека досега вакциниравме два милиона луѓе, рече Џонсон за време на посетата на центар за вакцинација. Тој посочи дека Националната здравствена служба работи „неверојатно добра работа“. Во исто време, портпарол на британскиот премиер рече дека британската Влада продолжува да […]

Водата од чешмите во Тетово заматена и не се препорачува да се пие


 Центарот за јавно здравје Тетово препорачува водата од градскиот водовод да не се користи периодов поради појава на заматување предизвикано од интензивните врнежи од дожд. Објаснуваат дека состојбата не е аларманта и дека по прекинување на врнежите се очекува стабилизирање на физичко-хемиските параметри. -Поради обилните дождови, најверојатно дојде до пробив до извориштата на Шар Планина […]

(Видео) Пожар во апартманите на Златибор


На Златибор денеска изби пожар во апартманите над угостителскиот објект, пренесе Новости. Во собите немало сместени гости во моментот на избивање на пожарот. На местото се три противпожарни возила. Силниот оган го зафатил поткровјето, а пожарникарите со шмркови се обидуваат да го згаснат пламенто. Според Новости, покривот целосно изгорел. Zlatibor pic.twitter.com/B4xd2PgtPz — perickaizvica (@perickaizvica) January […]

Чавушоглу: Сакаме да ги продолжиме преговорите со Грција


 Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска и официјално и понуди на Грција продолжување на преговорите за спорот околу истражувањето гас во Средоземното море, како и други проблеми меѓу двете земји. Чавушоглу изјави дека Атина претходно навести можност за продолжување на преговорите денеска, но дека ништо не се случило и дека Грција нема оправдување […]

Во Тетовско помалите реки се излеаја, Вардар и Пена на критично ниво


Помали реки низ дел од тетовските села се излеаја од своите корита поради долготрајните врнежи од дожд, а за среќа немаат предизвикано поголеми поплави и штети. Такви се примерите со реките во Камењане, Порој, Речица и Фалише. – Континуираните врнежи од дожд предизвикаа проблеми на патиштата што се покрај реките како што е во Камењане. […]

Најмалку 25 случаи на внатрешен тероризам во врска со немирите во Конгресот


Американските власти открија најмалку 25 случаи на внатрешен тероризам во врска со немирите во американскиот Конгрес, јавија американски медиуми повикувајќи се на конгресменот – демократ Џејсон Кроу, кој разговараше за ова прашање со министерот за одбрана Рајан Мекарти. Тој исто така рече дека за време на немирите се пронајдени и огнено оружје, експлозив, молотови коктели […]

Утврдена листата на кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК, а на предлог на ДУИ, Насер Зибери со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител. Огласот за членови на ДИК заврши, а до Комисијата се пристигнати пријави […]

Борче од Охрид ќе ги добие сите здравствени услуги


Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил соопшти дека  Борче од Охрид кој има вродено срцево заболување ќе ги добие сите здравствени услуги. -Утрово се сретнав со семејството на 11-годишниот Борче Лазаревски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат […]

Малите партии во Бугарија сакаат одложување на изборите


Има голема недоверба кај помалите партии во владата на Бојко Борисов дека ќе организира фер избори. Некои од нив бараат да се формира паралелна, граѓанска изборна комисија која ќе ги брои гласовите   (Од нашиот дописник)                                        […]

Влез во Србија само со негативен ПЦР тест


Кризниот штаб на Владата на Србија денес донел одлука сите постојни мерки да останат во сила, бидејќи се проценува дека тие ќе дадат резултати, меѓу кои и задолжителен негативен ПЦР тест за влез на српска територија, објавија српските медиуми. Во моментов, на сила се мерките: забрана за собирање повеќе од 5 лица, задолжително носење заштитни […]

Тодоров за „27 април“: Настаните нанесоа штета


„СДСМ беа физички жртви, а ВМРО-ДПМНЕ политички жртви. Сите загубија, а  ВМРО-ДПМНЕ загуби од 70.000 до 100.000 гласови“, ова денеска во своето сведочење за настаните за „27 април“ го изнесе  Никола Тодоров. Тодоров кажа дека во тој период тој бил еден од луѓето кои преговарале за широка коалиција. „Ние бевме на добар пат за таа […]

Уште еден земјотрес кај Глина во Хрватска


  Денеска во 13.47 часот, подрачјето околу Глина повторно се стресе од нов земјотрес. Епоред ЕМСЦ, потресот е во магнитуда од 3,2 степени според Рихтер, а бил на 16 километри југозападно од Сисак. Истото подрачје синоќа по полноќ го потресе земјотрес со интензитет од 3,9 степени. На 29 декември 2020 година градот Петриње беше речиси […]

Анкета на ИКС: Мнозинството анкетирани сметаат дека загадувачите на водите не се казнуваат


Најголем загадувач на водите во државата се граѓаните, според 42 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за комуникациски студии, за 33 отсто тоа е преработувачката индустрија, за десет отсто се рударските капацитети, а десет отсто од анкетираните сметаат дека тоа се и граѓаните и индустријата.   Резултатите од анкетата, која на Институтот за комуникациски […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 797 пациенти, слободни над 500 кревети


Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 797 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 518 празни болнички кревети. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. На инфективните оддели во главниот град […]

Кралицата ѝ го честита 39. роденден на Кејт Мидлтон


Англија – Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го прослави 39. роденден и, по тој повод, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од принцезата на Инстаграм. „На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден“, се вели во објавата на кралицата. Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг – принцот […]

СЗО ја поздравува одлуката на Кина: Ќе го откриеме потеклото на коронавирусот


Светската здравствена организација (СЗО) ја поздрави одлуката на Кина да дозволи десетчлен тим меѓународни експерти што го испитуваат потеклото на новиот корона вирус во четврток да пристигне во оваа земја, а генералниот директор на СЗО,Тедрос Гебрејсус, истакна дека очекува да работи со кинеските партнери за да се утврди потеклото и начинот на пренесување на вирусот […]

Прв отворен повик за апликации од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност”


„Регионалната мрежа за културна разновидност” (Regional Network for Cultural Diversity – READ) отвори прв повик за апликации. Се работи за регионален проект финансиран од ЕУ чија цел е да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите. Проектот почна на 1 септември […]