Вардар се заканува да ги поплави Аеродром и Острово


    Од попладнево станува можна заканата Вардар да се излее кај скопските населби Аеродром и Острово. Со тоа, загрозени од поплавување се велосипедските патеки и пешачката патека. Според „Вечер“, остануваат само уште десет сантиметри до целосно излевање на реката.

Сите членови на ДИК освен Дерковски бараат нов мандат


Пет од вкупно седум членови на досегашниот состав на Државната изборна комисија се кандидирале за нов мандат, на огласот што минатиот месец го распиша Собранието. Меѓу 14 кандидати што ги утврди денеска собраниската Комисија за избори и именувања, од досегашните членови на ДИК го нема само претседателот Оливер Дерковски, за чие место се предлага Александар […]

Захариева предложила Акциски план за спорот со Македонија


Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија го примила денеска специјалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски, кој престојува во работна посета на Бугарија.   За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји, при што Захариева предложила акциски план за соработка […]

Лидерите на Азербејџан и Ерменија викнати во Кремљ на разговори


МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот беше домаќин на неговите колеги од Ерменија и Азербејџан да разговараат за повторно отворање на транспортните патишта во регионот кои се парализирани речиси три децении во услови на конфликт околу Нагорно Карабах. Разговорите се случија два месеца откако со примирје со посредство на Русија завршија неколкунеделни жестоки […]

Врховниот суд на САД ги одби молбите на Трамп поврзани со изборите


Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите во врска со исходот од изборите во пет држави, во кои победи новоизбраниот претседател Џо Бајден, а беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници. Во прашање се резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. И пред […]

Нови 104 случаи на Ковид-19, оздравени 539, починати 13 лица


Во последните 24 часа направени се 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се вкупно 539 пациенти, а починале 13 лица, информира Министерството за здравство. Во Скопје се регистрирани нови 53 случаи, Прилеп -13, Куманово-8, Кочани -6, Крива Паланка -4, Тетово-3 и Виница -3,  Штип-2,  Кавадарци, Крушево и Неготино по два, […]

Меланија Трамп го прекина молкот: Го осудувам насилството, ама и јас сум жртва


САД – Првата дама Меланија Трамп го прекина молкот и го даде првиот коментар за насилството во Капитол кога приврзаници на Доналд Трамп упаднаа во зградата минатата недела. Во писменото соопштение објавено на веб-страницата на Белата куќа и споделено на нејзиниот профил на Твитер, таа рече дека нејзиното срце е насочено кон шесте лица кои […]

Ники Минаж ќе ѝ плати оштета на Трејси Чепмен од 450 илјади долари


САД– Aмериканската раперка Ники Минаж изгуби судски случај по тужба околу авторски права на пејачката Трејси Чепмен. Имено, Минаж ѝ побарала дозвола да го вметне хитот „Baby, can I hold you” од 1988 година во нејзина песна, што оваа неколкупати го одбила.  И покрај тоа што не добила дозвола, Ники Минаж сепак ја отпеала песната, […]

Американскиот Претставнички дом в среда ќе гласа за отповикување на Трамп


Претседателот на Комисија на Претставничкиот дом за правила на пратениците, Џим Мекговерн, изјави дека очекува в среда да се гласа за обвинителен акт и отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи оти ќе биде изгласано. – Важно е да се дејствува и да се дејствува многу сериозно и со цел. Очекуваме (обвинителниот акт) да влезе […]

Во полициската станица на Попова Шапка пријавен случај на сексуално малтертирање


Во полициската станица на Попова Шапка малолетничка пријавила сексуално вознемирување од страна на малолетник. Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13 часот на Попова Шапка. -Во 13.40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13.00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот бил известен […]

Лекот Ивермектин од утре ќе биде достапен во аптеките


Лекот Ивермектин кој се користи за лекување на заболени од Ковид-19 веќе е стигнат во земјава и од утре ќе се продава во аптеките ширум земјава, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани. Цената на лекот, како што посочи директорот, ќе изнесува околу 300 денари. -Лекот е стигнат […]

Руските власти планираат да развијат „лајт“ верзија на вакцината за Ковид-19


  Русија објави дека ја разгледува можноста за развој на „полесна“ верзија од својата вакцина спутник V против корона вирусот, за да овозможи привремено решение за најпогодените земји од пандемијата. Рускиот сиверен фонд кој го финансираше развојот на спутник V одобрен минатото лето, сега финансира клинички испитувања на спутник лајт, соопшти генералниот дирекотр Кирил Дмитриев. […]

Пердју: Заврши времето за малтретирање на Северна Македонија


Поранешниот американски амбасадор на САД во Бугарија и еден од коавторите на Охридскиот договор Џејмс Пердју во интервју за ДВ вели дека Бугарија мора да биде бранител на членството на Северна Македонија во ЕУ, а не противник, истакнувајќи воедно дека „завршило времето за малтретирање на С.Македонија“. – Ги следам настаните на Балканот. И се чувствувам […]

За влез во Црна Гора не е задолжителен ПЦР тест


Црна Гора – Црногорската министерка за здарвство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ денеска изјави дека се укинува забраната за меѓуградски превоз за време на викендот, но оти останува забраната за прославата на Василица. Таа истакна дека за влез во Црна Гора не е потребен тест Ковид-19. – Забраната за прослава на Нова година според Јулијанскиот календар е забранета на […]

Артан Груби ќе министерува од две згради


Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, ќе министерува од две згради, т.е. од две канцеларии. Иако се всели во нова зграда вредна 14 милиони ера, тој и натаму ќе ја користи канцеларијата која важеше за најдобро опремена во владата на „Илинденска“, што му ја зеде на донеодамнешниот генерален секретар Драги Рашкоски. Информацијата за […]

Еди Рама ја прими вакцината од дозите пристигнати од „пријателска земја“


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама и началничката на Инфективната клиника во Тирана,Најада Чомо први ја прмија вакцината против Ковид-19,со што означен е почетокот на имунизацијата против опасниот вирус во земјата. Прва се вакцинира познатата докторка, Чомо, која од почетокот на пандемијата е на првата линија во битката со невидливиот непријател, потоа премирот Рама па познатите […]

МНР: Бучковски во Софија, да се искористат сите можности за изнаоѓање решение за разликите


Специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија Владо Бучковски, денеска е во посета на Софија, каде што е планирано да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа, соопшти МНР. –Министерството за надворешни работи и Владата на Северна Македонија остануваат на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение […]

ЕК финансира 24 проекти за програми за собирање крвна плазма за третман на Ковид-19


Белгија– Европската комисија избра 24 проекти кои ќе градат нови или ќе ги прошират постојните програми за собирање крвна плазма од донатори кои се излекувале од Ковид-19, соопшти ЕК. Донациите ќе одат за лекување пациенти заразени со коронавирусот. Грантот се доделува откако беше испратена покана до сите јавни и некомерцијални услуги за трансфузија на крв […]

Деморализираниот персонал на Трамп ги одбројува последните денови


ВАШИНГТОН – Претседателот Доналд Трамп ја изгуби поддршката од многу поранешни лојалисти во неговата администрација по насилствата во американскиот Капитол, кои тој ги поттикна, а неговата Бела куќа е во „криза“ додека поминува низ последните денови, изјавија сегашни и поранешни официјални лица Додека демократите планираат да почнат импичмент против Трамп во понеделник, многу членови на […]

Германија очекува нормализирање на туризмот во текот на летото


Германската Влада не смета на нормализирање на туристичкиот пазар пред летото, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за економија. – Мислам дека следните два до три месеци ќе биде тешко да се замислат патувања, изјави германскиот владин комесар за туризам Томас Бареиш за германските медиуми. Тој очекува туристичкиот пазар да почне да се опоравува во […]