(Видео) Пожар во апартманите на Златибор
На Златибор денеска изби пожар во апартманите над угостителскиот објект, пренесе Новости.
Во собите немало сместени гости во моментот на избивање на пожарот. На местото се три противпожарни возила.
Силниот оган го зафатил поткровјето, а пожарникарите со шмркови се обидуваат да го згаснат пламенто.
Според Новости, покривот целосно изгорел.
Zlatibor pic.twitter.com/B4xd2PgtPz
— perickaizvica (@perickaizvica) January 11, 2021