Џоан Колинс ја прими вакцината против Ковид, вели безболна е


Англија – Актерката со титула дама Џоан Колинс (87) ја прими вакцината против Ковид19, ѝ ги извести фановите.

87-годишната ѕвезда од хит-серијата од 80-тите „Династија“ во која ја глумеше фаталната Алексис,  на социјалните мрежи објави како во цветен фустан и со маска на лицето ја прима вакцината на лекар во Лондон.

Англиската актерка им рече на обожавателите дека е „воодушевена“ што ја прима вакцината, за која истакна дека е од АстраЗенека. Таа вакцина беше одобрена од Обединетото Кралство кон крајот на декември, но сè уште не е одобрена во Соединетите Држави, каде што уште се испитува.

Колинс ја нарече својата вакцинација „безболна“, а ја примила во ист ден кога и кралицата Елизабета и принцот Филип.

Другите познати познати личности во Велика Британија , постари од 80 години, кои се вакцинираа е и актерот Јан Мекелен.