Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма


Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 399 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 103 единици конвалесцентна плазма, преку аферезна процедура од вкупно 48 донори. Вкупно 449 дарители донирале плазма, со која се третирани над 400 пациенти со …

Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма Read More »

Заев: Сакаме нашата земја да биде лидер во регионот во поглед на користење чиста обновлива енергија


Заштитата на животната средина во минатото беше запоставена, а сега претставува еден од приоритетите на оваа влада која во енергетската стратегија зацрта постепено преминување кон обновливите извори на енергија со цел нашата земја да биде лидер во регионот во поглед на користење чиста обновлива енергија, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција на шест нови …

Заев: Сакаме нашата земја да биде лидер во регионот во поглед на користење чиста обновлива енергија Read More »

Шпионската афера во Грција: Двајцата уапсени признаваат дека се познавале


Грчките власти уапсија две лица обвинети за шпионажа во случајот кој може дополнително да ги заостри односите меѓу Грција и Турција. Еден од осомничените е идентификуван како 35-годишен секретар во турскиот конзулат на островот Родос и оставен му е рок до понеделник да подготви одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Вториот осомничен, стар 56 години, бил …

Шпионската афера во Грција: Двајцата уапсени признаваат дека се познавале Read More »

Фејсбук привремено оневозможи некои опции на Месинџер и на Инстаграм


  Фејсбук ги извести корисниците на Месинџер и на Инстаграм во Европа дека некои опции во моментот се привремено недостапни. Пораката, неделава, се појави во апликациите на Фејсбук Месинџер и Инстаграм за европските корисници напоменувајќи дека некои опции не се достапни поради „почитувањето на новите правила за услуги при размена на пораки во Европа“. Фејсбук …

Фејсбук привремено оневозможи некои опции на Месинџер и на Инстаграм Read More »

Заев: За проектот Чебрен се пријавија десет џиновски компании


 За проектот Чебрен вреден меѓу 600 и 800 милиони евра пријавени се десет џиновски компании, изјави премиерот Зоран Заев во Битола. Претседателот на македонската влада потврди дека со завршувањето на рокот за пријавување, продолжува втората фаза за реализација на проектот Чебрен. -Вчера во 16 часот заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После …

Заев: За проектот Чебрен се пријавија десет џиновски компании Read More »

Здравствената состојба на Емануел Макрон е стабилна


Здравстената сосотојба на францускиот претседател Емануел Макрон, кој од минатиот четврток е позитивен на Ковид-19, според соопштението на Елисејската палата е стабилна во споредба со претходниот ден и резултатите од неговите клинички и параклинички прегледи „се покажаа охрабрувачки“. Претседателот на Франција, кој се наоѓа во изолација во официјалната резиденција Ла Лантерн во Версај, „сè уште …

Здравствената состојба на Емануел Макрон е стабилна Read More »

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“


Почна изградбата на „Штип Сити Мол“, кај новиот Аква парк. Инвестицијата е 10 милиони евра на фирмата „Дик Фагус“ од Штип, а има потенцијал да отвори нови 250 работни места. Сопственикот на фирмата „ДИК Фагус“, Горан Јордев истакна дека оваа фирма е во сопственост на „Пеком инжињеринг“, која 30 години успешно работи во Штип. -„Штип …

Почна изградбата на „Штип Сити Мол“ Read More »

Коневски го повикува Мицкоски на отчет


Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното. Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. …

Коневски го повикува Мицкоски на отчет Read More »

Продолжува трендот на неносење маски, казнети 704 лица 


Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 704 прекршоци на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и …

Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози Read More »

Русија наскоро ќе почне со испитувања на комбинирана вакцина за сезонски грип и коронавирус


Русија– Русија наскоро ќе почне со проширени претклинички испитувања на комбинираната вакцина против сезонски грип и коронавирус, која во моментов се развива, изјави Ринат Максутов, директор на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“. Максутов за руската национална телевизија изјави дека комбинираната вакцина треба да обезбеди заштита од сезонските варијанти на вирусот на грип …

Русија наскоро ќе почне со испитувања на комбинирана вакцина за сезонски грип и коронавирус Read More »

Во болниците низ земјава се лекуваат 1238 ковид-пациенти


Во ковид-центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здарвство.   Во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има …

Во болниците низ земјава се лекуваат 1238 ковид-пациенти Read More »

Заев и Стефоска се информираа за реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола


Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерката за култура Ирена Стефоска извршија обиколка и се информираа за динамиката на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола, кој доби нов лик , со целосно задржани културно – историски специфики. Како што соопшти владината прес-служба, при увидот, премиерот и министерката беа информирани дека по успешно подготвената проектна документација …

Заев и Стефоска се информираа за реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола Read More »

Укинувањето на бугарското вето треба да биде врвен приоритет за ЕУ, велат европските Зелени


Она што го прави Бугарија околу прашањето за пристапувањето на Македонија во ЕУ е опасен преседан кој го нарушува кредибилитетот на Унијата во регионот и ја загрозува политичката стабилност во државата, вели пратеничката група на европските Зелени во Европскиот парламент. Во соопштението потпишано заедно од Тинеке Стрик,  портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија, и Маја …

Укинувањето на бугарското вето треба да биде врвен приоритет за ЕУ, велат европските Зелени Read More »

Захариева барала од министерот на Словачка да ја објасни блокадата на „историјата“


Целосно изненадена од ветото на Прага и Братислава на заклучоците на ЕУ за проширувањето, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побарала од шефот на дипломатијата на Словачка, Иван Корчок, објаснување за ваквиот чекор. Во изјава за словачките медиуми Корчок потврди дека во четвртокот попладне (17 декември) имал долг телефонски разговор со Захариева, но не …

Захариева барала од министерот на Словачка да ја објасни блокадата на „историјата“ Read More »

Донација од еден милион денари за централен довод на кислород во модуларната болница во Кавадарци


 Министерот за здравство Венко Филипче, денеска беше во посета на Кавадарци по повод донација од Фондацијата „Никола Јанчев“ во висина од еден милион денари за обезбедување централен довод на кислород за модуларната болница во Општата болница со проширена дејност Кавадарци. Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и директорот на болницата Диме Коцев, министерот Филипче се …

Донација од еден милион денари за централен довод на кислород во модуларната болница во Кавадарци Read More »

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуанa


На Граничниот премин Ново Село, на излез од Република Северна Македонија, вчеравечер полицијата при преглед на товарно возило „МАН“, со бугарски национални ознаки, управувано од бугарскиот државјанин пронашла 102 пакувања марихуана, скриени во специјално направен бункер. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога …

Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленети околу 100 килограми марихуанa Read More »

Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија


Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија. Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро. Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил …

Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија Read More »

Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ


Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија. – Навистина има …

Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ Read More »

На кавадарчанка на сила ѝ одзеле златно ланче


Седумдесет и шестгодишната кавадарчанка Д.Е. вчера пријавила во полиција дека женско лице со употреба на сила ѝ одзело златно ланче.   Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.   Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.