Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието


Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд. – Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа …

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието Read More »

Славните мјузикли на Лојд Вебер од Бродвеј се селат бесплатно на Јутјуб


Англија- Фановите на музичкиот театар принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирус ќе можат да гледаат неколку од најпопуларните дела на британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер бесплатно на Јутјуб секоја недела. Серијата музикли, насловена The Shows Must Go On! („Шоуaтa мора да продолжaт!“), ќе започне во петок со филмска верзија од 2000 година на Веберовата …

Славните мјузикли на Лојд Вебер од Бродвеј се селат бесплатно на Јутјуб Read More »

Наоми Кембел е самоизолирана во облека на Елизабет Тејлор


САД- Се чини дека Наоми Кембел е во мисија да седи дома повеќе од било кој друг. На Инстаграм, таа ги советува следбениците да останат позитивни, заедно да вежбаат во живо и ги поканува другите да се придружат. Сепак, реалното шоу на супермоделот „Making the Cut“, на Amazon Prime е тоа што  привлекува внимание. Секој …

Наоми Кембел е самоизолирана во облека на Елизабет Тејлор Read More »

Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор


Англија– Британските ветеринари препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор, како превентивна мерка против ширењето на новиот коронавирус, јави Би-Би-Си. Сепак, сопствениците на мачки „не мора да се грижат“, додаваат од Британската ветеринарна асоцијација. – Нема случај на домашно милениче, куче или мачка, да го заразило својот сопственик со Ковид-19, рече д-р Анжел Алмендрос, од …

Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор Read More »

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска реагира на начинот на кој е донесена уредбата со која на корисниците на буџетски средства им се укинува правото на исплата на додатоци и надоместоци на плата. Синдикатот, како што се наведува во соопштението, ја разбира моменталната состојба на државата, но реагира затоа што при носењето …

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата Read More »

Поради Ковид-19 засегнати 81 отсто од работниците во светот


Прекинувањето на бизнисите и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот корона вирус засегнаа 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечие на 2020 година, поради различни ограничувања, ќе се изгуби вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на целосно отсуство од работа за 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот објавен …

Поради Ковид-19 засегнати 81 отсто од работниците во светот Read More »

Русија со рекорден број заразени за 24 часа – 1.175


Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија се зголеми за 1.175 во текот на изминатите 24 часа на 8.672 во 81 од 85 региони на федерацијата. Ова денеска го соопшти рускиот оперативен штаб за борба против заразата. Тоа е рекорден број нови случаи на ден во Руската Федерација. – Во изминатите 24 часа оздравеа …

Русија со рекорден број заразени за 24 часа – 1.175 Read More »

Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ


Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика германската Влада, што е можно поскоро, да ги укине граничните контроли со Луксембург и Франција. – Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ.. Шенген е најголемото достигнување на Унијата, рече Аселборн во изјава за германските медиуми. Тој посочи дека граничните контроли …

Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ Read More »

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик


Министерството за здравство денеска објави препораки од кардиолозите, кои сметаат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и оти навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од …

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик Read More »

ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето за убиство и обид за убиство, кое на 2 март минатата година со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот, на локалниот пат меѓу селата Шишево и …

ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево Read More »

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци


Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста Маренски уши. – Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди …

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци Read More »

Земјотрес од Албанија, почувствуван и во Македонија


Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почуствуван од населението во југозападните делови на нашата земја со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот, како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 6.30 часот, на 155 …

Земјотрес од Албанија, почувствуван и во Македонија Read More »

Ноќеска 35 луѓе не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, …

Ноќеска 35 луѓе не го почитувале полицискиот час Read More »

Развојна банка: Досега поднесени 136 барања за 1,2 милиони евра бескаматни кредити


Развојната банка денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра. „Во првата листа до Владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на …

Развојна банка: Досега поднесени 136 барања за 1,2 милиони евра бескаматни кредити Read More »

„Нова“ и „Жито Пром“ обезбедија опрема и кроасани за лекари, бездомници и социјално загрозени


Меѓународното училиште „Нова“ и фабриката „Жито Пром“ од Гевгелија донираа заштитна медицинска опрема односно маски, визири и скафандери за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија. Воедно, тие обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст …

„Нова“ и „Жито Пром“ обезбедија опрема и кроасани за лекари, бездомници и социјално загрозени Read More »

Во Зоолошката градина донирани средства за дезинфекција и антибактериски гелови


Скопската зоолошка градина доби донација, средства за дезинфекција и антибактериски гелови од компанијата „Алкалоид“. – Во овие тешки времиња, помошта во превенција од коронавирусот секако ни е најпотребна. Или како што би кажале нашите пријатели од Алкалоид- Здравјето пред се! – соопштија од Зоолошката градина. Оттаму апелираат до сите граѓани да се придржуваат кон мерките …

Во Зоолошката градина донирани средства за дезинфекција и антибактериски гелови Read More »

Во Франција починати за еден ден речиси колку вкупно починатите во Германија


Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Споредено, бројот на починати во Франција само за еден ден е блиску до вкупниот број на починати во Германија, откако почна епидемијата. Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во …

Во Франција починати за еден ден речиси колку вкупно починатите во Германија Read More »

StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19


Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19 и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за донација помеѓу Друштвото за информатичка технологија „Некстсенс“ ДОО како давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата. Користењето на оваа …

StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19 Read More »

Трагичен светски рекорд на умрени во САД за еден ден


Во САД во изминатите 24 часа починале повеќе од 1.800 луѓе од КОВИД-19, што е најмногу во еден ден во која било земја досега. САД во исто време ја надминаа бројката од 400.000 заразени. Ова следува откако Доналд Трамп и здравствените власти предупредија дека ова ќе биде критична недела за Американците, во која се очекуваат …

Трагичен светски рекорд на умрени во САД за еден ден Read More »