Во Франција починати за еден ден речиси колку вкупно починатите во Германија


Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Споредено, бројот на починати во Франција само за еден ден е блиску до вкупниот број на починати во Германија, откако почна епидемијата.

Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во болници и 820 во домови за нега на стари лица. Во Франција, значително е зголемен бројот на заразени, или повеќе од 11.000 за еден ден. Вкупниот број на заразени лица од почетокот на пандемијата надмина 100.000. Досега се излекуваа 19.337 пациенти.