Трговците ќе мора да си обезбедат редарска служба


Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба. …

Трговците ќе мора да си обезбедат редарска служба Read More »

(Видео) Прес на Венко Филипче од изолација


Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва, во 2о.15 часот, ќе одржи прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација. На овој начин Филипче прв пат ќе држи прес-конференција, откако вчера присуствуваше на Кризниот штаб во Куманово, а денеска беше потврдено дека токму градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на корона вирус. Од денеска, министерот за здравство е во …

(Видео) Прес на Венко Филипче од изолација Read More »

Заев и Мицкоски негативни и на вториот тест за корона вирус


Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, се негативни и на вторите тестови на корона вирус кои им беа направени. Заев на својот фејсбук профил денеска објави дека и вториот тест за коронавирус што му бил направен согласно здравствените протоколи бил негативен. -Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест …

Заев и Мицкоски негативни и на вториот тест за корона вирус Read More »

За Старата чаршија се испочитувани стандардите за заштита


Министерството за култура  соопшти дека изведувањето на работите на непосредна заштита на културното наследство на Старата чаршија се прави во согласност со стандардите за заштита и оти притоа се запазени сите постапки од законот за нејзино прогласување за културно наследство од особено значење. -Согласно добиените извештаи од НУ Конзерваторски центар – Скопје, како установа под …

За Старата чаршија се испочитувани стандардите за заштита Read More »

(Видео) Гувернерот на Најроби дели коњак на населението како лек против Ковид-19


Гувернерот на Најроби Мајк Мбуви Сонко на сиромашното население во главниот град на Кенија дели коњак, тврдејќи дека штити од новиот корона вирус. Гувернерот, кој минатата година беше уапсен за корупција, оваа недела на социјалните мрежи објави фотографија од шишиња коњак „хенеси“, кои се нашле меѓу пакетите со основни намирници. Повикувајќи се на наводни резултати …

(Видео) Гувернерот на Најроби дели коњак на населението како лек против Ковид-19 Read More »

Лицата со попреченост целосно изземени од забраната за движење


Владата на денешната седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските …

Лицата со попреченост целосно изземени од забраната за движење Read More »

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни


САД– Американската тениска асоцијација очекува да донесе одлука за претстојниот УС Опен во јуни и планира да обезбеди 15 милиони американски долари за да им помогне на тениските федерации во тешкотии во глобалната криза, објави „Њујорк Тајмс“. Тениската сезона беше запрена на почетокот на март поради пандемијата откако земјите почнаа да ги затвораат своите граници …

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни Read More »

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините


Сончевото, топло време со темпратура над 20 степени ќе се задржи и за време на продолжениот викенд. Според УХМР, од понеделник вечер се очекуваат промени кои особено ќе бидат изразени во вторник за кога е најавено заладување, повремен дожд и снег на планините. Утре ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува …

Од вторник заладување со повремен дожд и снег на планините Read More »

„Стандард и Пурс“: Кризата оди од „лошо“ кон „полошо“


Агенцијата за кредитен рејтинг „С&П Глобал“ денеска ја намали проекцијата на глобален раст поради пандемијата со новиот коронавирус. Во соопштението на Агенцијата се наведува дека според најновите податоци за економското влијание на мерките преземени за сузбивање на ширење на вирусот Ковид-19 премина од ниво „лошо“ на „полошо“. – Сега проценуваме дека годинава глобалниот бруто домашниот …

„Стандард и Пурс“: Кризата оди од „лошо“ кон „полошо“ Read More »

Заразата во Италија не стивнува – денеска 525 починати


Студен туш во Италија пред расправата за отворањето на земјата. По деновите на бавно и постојано намалување, податоците за новите инфекции се зголемуваат. И тоа не малку. Вчера имаше 2.227 нови случаи, а денес се искачија на 3.786. Мртвите сѐ уште се многу: 525 во последните 24 часа. Спроведени биле повеќе од 60 илјади тестови, …

Заразата во Италија не стивнува – денеска 525 починати Read More »

Во Србија 445 новозаболени, најмногу за еден ден


Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 103 лица, (71 маж и 32 жени) со смртност во однос на заразените од 1,9 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. – Во изминатите 24 часа, тестирани се …

Во Србија 445 новозаболени, најмногу за еден ден Read More »

Банкси во карантин. Црта „мурал“ во купатилото


Познатиот уметник Банкси на Инстаграм го објави своето последно дело кое е направено во карантин. Пандемијата на корона вирусот ги погоди сите, па и Банкси, кој ги искористи ѕидовите на својот стан да го наслика својот последен „мурал“. „Жена ми не сака кога работам дома“, наведе во постот Банкси, заедно со фотографија од графитите во …

Банкси во карантин. Црта „мурал“ во купатилото Read More »

Чилеанскиот писател Луис Сепулведа почина од корона вирусот


Познатиот чилеански писател Луис Сепулведа, кој беше заразен со корона вирус на крајот на февруари, почина од оваа болест во болницата во Овиедо каде што се лекуваше, потврди за шпанската агенција Ефе портпарол на семејството на писателот. Сепулведа (70) живееше во северна Шпанија а дека е заразен со вирусот открил откако се вратил од патувањето …

Чилеанскиот писател Луис Сепулведа почина од корона вирусот Read More »

Над 760.000 казни за непочитување на рестриктивните мерки во Франција


Француските сили на редот за еден месец од стапување во сила на ограничувачките мерки за движење, извршиле над  12,5 милиони проверки, притоа изрекле  762.106 казни за непочитување на мерките. -Силите на редот извршија скоро 12,6 милиони проверки и изрекоа  762.106 казни,  изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, за време на сослушувањето од страна на …

Над 760.000 казни за непочитување на рестриктивните мерки во Франција Read More »

Шпанија ја надмина бројката од 19.000 починати


Откако 551 лице починаа во последниот ден Шпанија ја надмина бројката од 19.000 смртни случаи од корона вирусот. Вкупната бројка сега изнесува 19.130. Исто така, забележани се 5.183 нови случаи на Ковид-19, со што сега има 182.816 инфицирани – што ја става Шпанија на второ место во светот зад САД. Се зголемуваат загриженоста дека бројот …

Шпанија ја надмина бројката од 19.000 починати Read More »

Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено


Премиерот  Оливер Спасовски преку видео порача дека по препорака на епидемиолозите оди во домашна изолација, но дека  Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом. Воедно за Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните  да покажат одговорност и да ги почитуваат препораките со цел да се …

Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено Read More »

Здружението на хемиска индустрија бара да се укине забраната за извоз на средства за дезинфекција


Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија бара да се укине забраната за извоз на средства за дезинфекција. Станува збор за овозможување извоз на гел и спреј за дезинфекција на раце, како и раствори и концентрат за дезинфекција. Како што изјави денеска советникот за економски прашања на Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски, …

Здружението на хемиска индустрија бара да се укине забраната за извоз на средства за дезинфекција Read More »

Почина стружанец, 107 новозаразени во земјава


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација. Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти …

Почина стружанец, 107 новозаразени во земјава Read More »

Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу полошките општини


По објавувањето дека во последните 24 часа во Тетово има заразени нови 6 лица, општина Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу општините. Барањето, кое го подржува и општина Боговиње веќе е упатено до Владата. „Општ заклучок е дека имаме нови 6 заразени лица со тенденција за зголемување на бројот, сите треба да нè направи …

Тетово бара да се прекине сообраќајот меѓу полошките општини Read More »

Пендаровски: Банките и приватните стопански субјекти треба да имаат свои редарски служби


Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција наведе дека во рамки на Централниот кризен штаб се размислува сите банки и сите приватни стопански субјекти да бидат задолжени од своите вработени да ја организираат редарската служба, нагласувајќи дека е недозволиво таа работа да ја извршуваат Армијата и полицијата. На прашањето, дали како врховен командат ќе ја повлечете …

Пендаровски: Банките и приватните стопански субјекти треба да имаат свои редарски служби Read More »