Шпанија ја надмина бројката од 19.000 починати


Медицински лица на мал одмор во една од болниците во Каталонија (Фото: АФП)

Откако 551 лице починаа во последниот ден Шпанија ја надмина бројката од 19.000 смртни случаи од корона вирусот. Вкупната бројка сега изнесува 19.130.

Исто така, забележани се 5.183 нови случаи на Ковид-19, со што сега има 182.816 инфицирани – што ја става Шпанија на второ место во светот зад САД.

Се зголемуваат загриженоста дека бројот на жртвите може да биде далеку поголем, при што регионалните власти во Мадрид и Каталонија инсистираат на тоа дека има илјадници повеќе починати од официјалната статистика.

Мадрид, кој до четвртокот броеше 6.877 смртни случаи, зборува за бројка од над 10.000, додека Каталонија, каде што умреле 3.855, смета дека нејзините жртви ќе бидат речиси удвоени откако ќе се смени методот на броење.

Промената во методот на собирање податоци низ Шпанија, воведена во средата, ќе предизвика пораст на бројот на претходно запишани смртни случаи.

Официјалните податоци покажуваат дека 74.797 луѓе кои биле тестирале позитивно на Ковид-19 сега се опоравени.

Здравствените власти соопштија дека вирусот е на врвот во Шпанија, откако бројот на дневни смртни случаи достигна 950 лица на 2 април, но тие инсистираат на одржување на заклучување донесено на 14 март, што веројатно ќе биде продолжено до средината на мај.

Шпанија има едно од најтешките заклучувања во Европа, ограничувањата овозможуваат да излегуваат само суштински работници, инаку остатокот од населението може само да замине од дома да купи храна и лекови, да замине за медицинска итна помош или накратко да прошета куче.