Заразата во Италија не стивнува – денеска 525 починати


Студен туш во Италија пред расправата за отворањето на земјата. По деновите на бавно и постојано намалување, податоците за новите инфекции се зголемуваат. И тоа не малку. Вчера имаше 2.227 нови случаи, а денес се искачија на 3.786.

Мртвите сѐ уште се многу: 525 во последните 24 часа. Спроведени биле повеќе од 60 илјади тестови, само 6,2, отсто од нив позитивни: практично ист процент како и вчера, најниско ниво од почетокот на епидемијата.

Податоците во новиот билтен известуваат за остар пад на хоспитализирани лица. Денес во Италија има има 2.936 лица на интензивна нега, 143 помалку од вчера. 26.893 лица сѐ уште се хоспитализирани со симптоми, 750 помалку од вчера: тоа е најостриот пад на ден од почетокот на епидемијата.