Заев и Мицкоски негативни и на вториот тест за корона вирус


Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, се негативни и на вторите тестови на корона вирус кои им беа направени.

Заев на својот фејсбук профил денеска објави дека и вториот тест за коронавирус што му бил направен согласно здравствените протоколи бил негативен.

-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен. Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот. Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови, пишува Заев.

Мицкоски веста ја сподели преку неговото видео обраќање.

„ Денеска е седмиот ден од мојата самоизолација или 14-ти ден од последниот
контакт со лице инфицирано од Ковид-19 вирусот. Во текот на денот бев тестиран, а
штотуку ги добив резултатите од денешното тестирање и со задоволство можам да
кажам дека сум негативен на тестот, што практично потврдува дека не сум
инфициран од Ковид-19 вирусот“, соопшти Мицкоски.