Заврши најдолгиот полициски час


Утрово во 05:00 часот заврши најдолгата 85-часовна забрана за движење на целата територија на државава, која почна во петокот од 16:00 часот. Изминатите 85 часа полицијата привела повеќе лица кои не ја почитувале забраната за движење и за нив ќе бидат покренати соодветни прекршочни пријави. Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во …

Заврши најдолгиот полициски час Read More »

Патиштата влажни, да се вози внимателно


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово …

Патиштата влажни, да се вози внимателно Read More »

Врнежливо со силен ветер и постудено


Во земјава денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на места и над 25 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер од над 70 километри на час. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се …

Врнежливо со силен ветер и постудено Read More »

Сликата на пазарот на нафта не е толку мрачна како што изгледа – еве зошто


Нешто што никогаш не се случило на пазарот на сурова нафта се случи денес: негативни цени на терминските договори за нафта. Додека многу од луѓето можеби помислија дека целокупната цена на нафтата е негативна, има нијанси. Краткиот одговор е: „Не“, сета нафта не е бесплатна. Сликата на пазарот не е толку мрачна како што можеби …

Сликата на пазарот на нафта не е толку мрачна како што изгледа – еве зошто Read More »

Нетанјаху и ривалот Ганц формираа влада


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и водачот на партијата Сино и бело, Бени Ганц, се согласија за формирање национална влада за вонредна состојба. Најавата, која вклучува временска рамка за потенцијална анексија на делови од Западниот Брег во текот на летото, се чини дека носи крај политичкиот ќор-сокак од повеќе од една година за време на …

Нетанјаху и ривалот Ганц формираа влада Read More »

Цената на нафтата во минус за прв пат во историјата на САД


Цената на нафтата, за прв пат во историјата на САД е во минус, јави Си-Ен-Ен. Цената на референтниот американски нафтен бренд West Texas Intermediate (WTI) денес падна на минус 37 американски долари за барел. Причината за ова е недостигот на складови за нафта која на пазарот сега се нуди многу повеќе отколку што има побарувачка. …

Цената на нафтата во минус за прв пат во историјата на САД Read More »

Наќе Чулев најави истрага за приведувањето на дечкото со куче


Откако на социјалните мрежи се појави видео како полицајци во цивил приведуваат момче со куче во полициско комбе, наводно бидејќи излегло 20 минути пред предвиденото време, се јави министерот Наќа Чулев со најава дека случајот се испитува и дека се утврдува законитоста на постапувањето на полицајците. -Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” …

Наќе Чулев најави истрага за приведувањето на дечкото со куче Read More »

Борел се чуди што Србија не вика фала за помошта од ЕУ


Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави  дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, билборди може да се видат на улиците на Белград со благодарност само за Кина за борбата со коронавирусот. – Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им …

Борел се чуди што Србија не вика фала за помошта од ЕУ Read More »

Шефот на СЗО: Најлошото со коронавирусот допрва доаѓа


Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос, Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото допрва доаѓа во врска со пандемијата на новиот коронавирус. Предупредувањето доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата. Тој не прецизираше зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум …

Шефот на СЗО: Најлошото со коронавирусот допрва доаѓа Read More »

Евтината нафта ги повлече надолу и валутите


Падот на цената на нафтата на светските берзи ја намали вредноста на некои валути како руската рубља, индиската рупија и канадскиот долар, јавија светските медиуми. На девизните пазари еден американски долар денес се разменуваше за 75 рубљи, додека едно евро чини 81,2 рубљи. Иако цената на руската нафта „Јуралс“ не се намали така драстично како …

Евтината нафта ги повлече надолу и валутите Read More »

Илјадници војници во карантин, а требаше да бидат на парадата за Денот на победата


Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека наредило илјадници војници да бидат ставени во двонеделен карантин поради коронавирусот, откако беше откажана големата парада на Црвениот плоштад во Москва, по повод Денот на победата. Околу 15.000 војници требаше да учествуваат во парадата на 9 мај за да ја одбележат 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во …

Илјадници војници во карантин, а требаше да бидат на парадата за Денот на победата Read More »

(ВИДЕО) Во еден од најголемите градови во Австралија е толку тивко што кенгури скокаат низ центарот


Луѓето може да останат дома за време на пандемијата на корона вирусот, но тоа не важи за животните. Полицијата во Аделаид, еден од најголемите градови во Австралија, постави на Твитер видео во кое се гледа кенгур како скока низ центарот на градот и во шега напиша: „Утрово, офицерите за безбедност го проследија осомничениот облечен во …

(ВИДЕО) Во еден од најголемите градови во Австралија е толку тивко што кенгури скокаат низ центарот Read More »

Почина Јуџин „Џин“ Дејч, еден од креаторите на „Том и Џери“ и „Попај морнарот“


САД – Во Прага денеска почина Јуџин Мерил „Џин“ Дејч, американски уметник карикатурист и режисер познат по развојот на ликовите од цртаните филмови „Попај морнарот“ и „Том и Џери“, соопшти денеска Холивуд рипортер. Дејч работел и на такви анимирани филмови како „Хобит“, „Алиса во Париз“, „Силвестер и волшебниот кристал“ и „Блуфонци“. Тој во Чешка живеел од …

Почина Јуџин „Џин“ Дејч, еден од креаторите на „Том и Џери“ и „Попај морнарот“ Read More »

Мостра ќе се одржи во септември, нема шанси за онлајн фестивал


Италија– Филмскиот фестивал во Венеција 2020 потврди дека годинешното  77-то издание на Мостра ќе се одржи од 2 до 12 септември. Во разговорот со АНСА, Роберто Чикуто, претседател на матичната организација на најстариот фестивал во светот, ја минимизираше идејата дека Венеција координира со Кан за нови датуми или за заеднички фестивал, и покрај неодамнешните коментари …

Мостра ќе се одржи во септември, нема шанси за онлајн фестивал Read More »

Шпанскиот БДП би можел да потоне до 12,4 отсто


Економијата на Шпанија може да забележи поголем пад поради пандемијата отколку по последиците од финансиската криза, предупреди Централната банка. БДП би можел да се намали и до 12,4 проценти, со уште помалку драматично сценарио кое предвидува подлабок пад на активноста отколку по последиците од светската финансиска криза 2008/2009 година. Најверојатниот пад е 9,5 проценти, забележуваат …

Шпанскиот БДП би можел да потоне до 12,4 отсто Read More »

Опасна операција го крева Шумахер на нозе?


Швајцарија– Иновативна, но многу ризична операција може да го врати Михаел Шумахер во нормала. Надежта ја даде познатиот француски доктор д-р Филип Менаше, според кој легендарниот пилот во Формула 1 може да се врати на нозе. Седумкратниот шампион е во кревет 6,5 години по инцидентот при скијање. Германецот долго време беше во кома и претрпе …

Опасна операција го крева Шумахер на нозе? Read More »

ЈСП ќе сообраќа во две смени, по саботен возен ред


Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, вторник (21.04.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот. Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои …

ЈСП ќе сообраќа во две смени, по саботен возен ред Read More »

Во хостел за азиланти во Лисабон заразени 138 од 175 лица


Во  хостел во Лисабон во кој се сместени баратели на азил, 138 од 175 лица се заразени со новиот коронавирус. -Сите  од хостелот беа префрлени денеска во централната џамија на тестирање, изјави градскиот советник. Оние кои не се заразени ќе бидат вратени во хостелот, кој во меѓувреме, е деконтаминиран.

Цената на нафтата најниска во последните дваесетина години


Цената на нафтата на берзата во Њујорк падна на речиси 11 долари за барел, што е  најниска цена од 1998 година. Со тоа продолжи падот од скоро 40 отсто поради намалувањето на производството, но и пандемијата на коронавирусот. Причина е недостигот на капацитети за складиштење на големите нафтени резерви кои настанаа по падот на побарувачката.

Курти бара да не се политизира донацијата од Србија


Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти, изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот …

Курти бара да не се политизира донацијата од Србија Read More »