Сликата на пазарот на нафта не е толку мрачна како што изгледа – еве зошто


Иако многумина можеби помислија дека е негативна цената на целокупната нафта, има нијанси

Нешто што никогаш не се случило на пазарот на сурова нафта се случи денес: негативни цени на терминските договори за нафта.

Додека многу од луѓето можеби помислија дека целокупната цена на нафтата е негативна, има нијанси. Краткиот одговор е: „Не, сета нафта не е бесплатна.

Сликата на пазарот не е толку мрачна како што можеби изгледа.

Терминските договори (фјучерси) се врзани за одреден датум на испорака. Кон крајот на датумот кога истекува договорот, цената обично се спојува со физичката цена на нафтата, бидејќи крајните купувачи на овие договори се субјекти како рафинерии или авиокомпании кои ќе ја преземат вистинската физичка достава на нафтата.

Терминските договори односно фјучерсите во крајна линија се договори за физичко доставување на основната стока или обезбедувањето за неа. Додека некои луѓе на пазарот шпекулираат со договорите, други ги купуваат и продаваат бидејќи ги користат за самата стока. Кога се приближува крајниот рок на договорот, трговците почнуваат да го купуваат договорот за следниот месец. Оние што остануваат во позиција до последниот ден, обично го купуваат физички производот, како што се рафинериите.

За разлика од испораките во мај, терминските договори за јуни беа пониски за 16 отсто и достигнаа 21,04 долари за барел

Крајниот рок за склучување на договорите за средно суровата нафта Западен Тексас (West Texas Intermediate crude) со испораки за мај, што изгубија од вредноста повеќе од 100 отсто во понеделникот, е денес. Со пандемијата на корона вирусот што доведе до невидено намалување на побарувачката и со брзо полнење на резервоарите за складирање, нема побарувачка за овој договор за нафта што истекува денес.

Затоа тие договори отидоа во негатива, што значи дека производителите би платиле за да се ослободат од оваа нафта, бидејќи неделава нема никој на кого му е потребна оваа сурова нафта во земјата која што е под клуч поради корона вирусот.

Со овие термински договори се тргува за конкретен месец. Договорите за испорака во јуни беа пониски за 16 отсто и достигнаа 21,04 долари за барел.

Значи, по истекот на договорот за мај во вторник (односно денес), нафтата би можела да се врати на над 20 долари.

Американскиот нафтен фонд, кој ја следи цената на различните термински договори (фјучерси) за нафта, падна само 10 отсто.

Обемот на тргување исто така беше релативно слаб за договорите за мај. Според податоците на групата ЦМЕ, обемот изнесувал приближно 126.400. За споредба, обемот на договорите за јуни беше речиси 800.000.

Џон Килдуф од „Аген Капитал го припишува потонувањето на договорите за мај на фактот дека „условите на пазарот за физичката нафта се катастрофални, со зголемена загриженост за наоѓање на достапни места за нејзиното складирање“.

На подолг рок сликата изгледа посветла, вели тој.

Повисоките цени за договорите со подолг термин за испорака покажуваат дека пазарот очекува одредено ниво на расчистување на пазарот за готовина во текот на следните неколку месеци“, рече тој за Си-Ен-Би-Си. „Со оглед на брзиот пад на бројот на нафтени постројки во САД и очекуваното намалување на производството од страна на земјите членки на ОПЕК+ , тоа е разумна претпоставка“.

за складирање на нафатата се користат и „супер-џиновски“ танкери во близина на најголемите пристаништа на САД. Во нив се складирани рекордни 160 милиони барели нафта

Тоа, како што напоменува, зборува дека со оглед на истекувањето на следните договори, можат да се впуштат во нивниот сопствен „марш на смртта кон супер-ниските цени за готовината“.

Како што веќе објавивме цената на референтниот американски нафтен бренд West Texas Intermediate (WTI) вчера падна на минус 37 американски долари за барел. Причината за ова е недостигот на складови за нафта која на пазарот сега се нуди многу повеќе отколку што има побарувачка.

Просечната цена на суровата нафта WTI за барел во 2019 година беше 57 долари и 64 долари во 2018 година.

Претходно во денот, за терминските испораки нафтата во мај падна на девет долари за барел, што е најниска цена од 1998 година. Потоа падна на пет долари, па на еден долар, па на десет центи, а потоа на берзата беше излистана цена за барел од минус три долари.

Деновиве медиумите објавија дека за складирање на нафатата се користат и „супер-џиновски“ танкери во близина на најголемите пристаништа на САД. Во нив се складирани рекордни 160 милиони барели нафта. За споредба, во 2009 година, беа складирани над 100 милиони барели нафта во танкери, исто така поради полните складови за нафта во САД. Откако економијата покажа знаци на заживување, залихите почнаа да се намалуваат.