Цената на нафтата најниска во последните дваесетина години


Цената на нафтата на берзата во Њујорк падна на речиси 11 долари за барел, што е  најниска цена од 1998 година. Со тоа продолжи падот од скоро 40 отсто поради намалувањето на производството, но и пандемијата на коронавирусот.

Причина е недостигот на капацитети за складиштење на големите нафтени резерви кои настанаа по падот на побарувачката.