САД: Демократите и Републиканците се договорија за економската помош


Претставниците на двете водечки партии во САД, Демократската и Републиканската, постигнаа договор за усвојување пакет економска помош во износ од речиси илјада милијарди долари, а законот треба да биде усвоен во недела попладне, по локално време. Законот за економска помош поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот веќе доцнеше неколку месеци, па многумина почнаа да […]

Засаден најголемиот црвен дрворед во Карпош


 Во Општина Карпош, долж булеварот „8 Септември“ засаден е најдолгиот црвен дрворед, со повеќе од 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести садници.   Градот Скопје интензивно се грижи за надоместување на изгубеното зеленило. Со новиот начин на работа, пешачките и велосипедските патеки се одвојуваат со коридор од ново зеленило, со што се придонесува за поголеми […]

Заев од Претор: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро


Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро. Премиерот Заев, за време на посетата потенцирал дела без разлика што […]

Во Израел почна вакцинацијата против коронавирус


Во Израел утрово почна имунизацијата на населението, со цел да се вакцинираат околу 60 илјади луѓе дневно, или околу два милиони до крајот на јануари за да се избори земјата со епидемијата на коронавирус. Во таа земја, прво ќе се вакцинираат здравствените работници, а потоа и оние постари од 60 години кои се изложени на […]

Oдржлив систем на финансирање на општините – приоритет за Министерството за локална самоуправа


Министерството за локална самоуправа не застана во спроведувањето на планираните активности, иако и здравствената криза и изборите го направија процесот посложен, сепак клучните проекти се реализираат во континуитет, со голема поддршка од Амбасадата на Швајцарија, УНДП и Делегацијата на Европската Унија, го потврди сработеното за изминатите 100 дена од вториот мандат, министерот за локална самоуправа […]

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 31 лице, вкупно се лекуваат 479 сомнителни и потврдени за КОВИД -19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 479 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа двајца пациенти […]

Заев го посети манастирот Трескавец


Ги посетивме обновените конаци на манастирот Трескавец. После 7 години од опожарувањето, манастирскиот комплекс повторно блеска во полн сјај. Овој скапоцен верски и културно-историски украс меѓу карпите под Златоврв го краси Прилеп и ги отвора вратите за верниците и за сите други граѓани, кои се во потрага по духовен мир и по убавините на македонското […]

МОН: Со новата концепција наставата ја доближуваме до современите образовни системи


Промените во работата на воспитно-образовните институции, како и воспоставувањето на целосно нова образовна концепција за основно образование се во интерес на учениците, велат во видео обраќања Анита Анѓеловска, директорка на ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци и Иванка Мијиќ, советничка во Бирото за развој на образование, кои учествуваа во подготовката на новата концепција. Анѓеловска и […]

Чешка размислува за воведување највисок степен на епидемиолошка закана


Чешката Влада утре ќе разгледува преминување на највисоко ниво на опасност од епидемијата, што би овозможило воведување ограничувања на движењето и затворање на несуштинските продавници, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамчек. Според него, ќе се разгледа преминот од четвртиот во петтиот, највисок степен на епидемиолошка закана, што ќе овозможи напуштање на куќата да биде […]

ИФИМЕС: По Груевски, Тачи и Ѓукановиќ, дојде редот и на Рама да си оди


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) од Љубљана објави анализа во која оцени дека Еди Рама ја носи Албанија поблиску до Латинска Америка, отколку до ЕУ. Во анализата стои:  „На 28 ноември оваа година, Албанија ја одбележа 108-годишнината од прогласувањето на независноста од Отоманската империја. Откако стана суверена и независна држава, Албанија го […]

Меркел и компромисот со популистите


ИВАН КРАСТЕВ Либералните критичари го гледаат компромисот со лидерите на Унгарија и Полска како предавство на проевропските сили во овие земји. Дали е тоа така?   Филозофот Авишаи Маргалит е роден во 1939 година, на почетокот на Втората светска војна, и поголемиот дел од животот го живеел во Израел, земја која отсекогаш егзистира помеѓу војната […]

Заев: Обезбедивме 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно


Премиерот Зоран Заев, при работната посета на преспанскиот регион, изврши увид на напредокот на работите на иницијативата за Центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, заедно со своите соработници, како и со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски и Мери Стојанова, директорка на битолскиот Завод и Музеј. […]

САД: Шест сериозни алергиски реакции на 250.000 вакцинирани


  Американските здравствени власти соопштија дека меѓу повеќе од 250.000 вакцинирани против корона вирус имало шест сериозни случаи на алергиска реакција. Центарот за контрола и превеницја од болести наведе дека повеќе од 272.000 луѓе се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“. Во петокот вечерта се пријавени шест случаи на силни алергиски реакции, вклучително и кај лица […]

Бајден го соопшти тимот што ќе се бори против климатските промени


Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го претстави својот тим кој ќе работи против климатски промени. Според новоизбраниот претседател, членовите на тимот се „паметни, вешти, искусни, и уриваат бариери“. – Луѓето седат дома не само поради пандемијата, туку и поради лошиот квалитет на воздухот … Луѓе, ние сме во криза, рече Бајден. Тој вети масовно […]

Николоски до Захариева: Зошто Македонците не бараа пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ? 


Во вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и одговори на бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева за нејзината изјава за заштита на луѓето кои поседуваат бугарски пасош во Македонија, од страна на бугарската држава.  Николовски ја запраша Захариева зошто овие луѓе не побарале бугарски пасоши пред […]

Дел од корисниците ќе останат без WhatsApp на крајот на годинава


Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарна апликација поради оперативните системи што ги има нивниот мобилен телефон. „Сан“ наведува дека WhatsApp ќе престане да работи за луѓе кои користат iPhone што не е ажуриран на […]

Супермоделот Куркова бремена со трето дете, ги покажа промените на своето тело


САД- Бременоста носи многу промени во вашето тело, некои ги очекувате и некои што никогаш не сте ги виделе како доаѓаат. Во новиот есеј за Гламур, поранешната манекенка на Викторијас Сикрет, Чехинката Каролина Куркова ја објави својата бременост заедно со суров есеј за нејзиното менување на телото – и некои навистина зачудувачки фотографии од бременоста. […]

Радев: Ердоган има амбиции да учествува во политиката на Бугарија


Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има амбиции да учествува во политичкиот живот на Бугарија. Изјавата доаѓа по видео-обраќањето на Ердоган на Националната конференција на Движењето за права и слободи (МРФ), опозициска партија со голем број етнички Турци во Бугарија. Радев, на вчерашното гостување на Дарик радио оцени дека со […]

Се расипал замрзнувачот во англиска клиника, уништени стотици вакцини


Се стравува дека стотици дози од вакцината против Ковид-19 пропаднале откако се расипал замрзнувачот во една англиската клиника. Клиниката во Нортемптоншир чувала 975 дози вакцини на Ффајзер, која мора да се чува на минус 70 степени, пренесува Дејли Меил. Клиниката функционира како главен центар за вакцинирање на избрани лица постари од 80 години. Некои пациенти […]

„Вакцина пасош“: Без него нема да може да патуваме


Пандемијата ги затвори границите и патувањето ќе беде можно во најдобар случај само доколку патниците се подготвени за карантин. Со доаѓањето на вакцината, работите ќе се променат, но до кој степен? И што ќе значи „вакцина-пасошот“? Првите вакцини против коронавирусот веќе се примаат во Европа, иако досега само во Велика Британија, и иако се поставува […]