САД: Демократите и Републиканците се договорија за економската помош


Претставниците на двете водечки партии во САД, Демократската и Републиканската, постигнаа договор за усвојување пакет економска помош во износ од речиси илјада милијарди долари, а законот треба да биде усвоен во недела попладне, по локално време.

Законот за економска помош поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот веќе доцнеше неколку месеци, па многумина почнаа да се сомневаат дека тој воопшто ќе биде усвоен, но разговорите се интензивираа во декември и пратениците од двете партии постигнаа договор пред да заминат од Вашингтон пред празниците.

Членовите на Претставничкиот дом, како и на Сенатот (законот мора да помине низ двата законодавни тела), велат дека законот ќе обезбеди 300 долари помош за невработените на неделно ниво, потоа еднократна помош од 600 долари за сите американски граѓани, а бенефит ќе имаат и компаниите. кои беа најтешко погодени од пандемијата, како и училиштата и некои други државни институции.