Не се откриваат имињата на советниците што работат без хонорар


    Власта не ги открива имињата на членовите на новото владино советодавно тело „За татковината со љубов“. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели дека без согласност на советниците, нивните имиња нема да излезат во јавност. За да не ја наруши, како што вели, нивната приватност, Битиќи само откри дека станува збор за универзитетски професори, …

Не се откриваат имињата на советниците што работат без хонорар Read More »

ИКЕА престанува да го објавува каталогот по 70 години


Шведскиот производител на мебел Икеа одлучи да престане да го објавува каталогот по 70 години, едно од најголемите годишни публикации во светот, бидејќи клиентите се повеќе се свртуваат кон интернет, објави компанијата. Каталогот на Икеа се печати веќе 70 години, а најголемиот тираж го достигна во 2016 година, кога повеќе од 200 милиони примероци беа …

ИКЕА престанува да го објавува каталогот по 70 години Read More »

Неделков: Зголемување на работното време на вработените во градинките е спротивно на Колективниот договор


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура денеска побара од Министерството за труд и социјална политика веднаш да реагира и да се реши проблемот во врска со незаконското зголемување на работното време на воспитувачките и негувателките во градинките, кои наместо да работат 6 и 7 часа, наложено им е да работат фиксно 8 часа. Како …

Неделков: Зголемување на работното време на вработените во градинките е спротивно на Колективниот договор Read More »

Минималната синдикална кошница за ноември 33.742,1 денар


На едно четиричлено смејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби. Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, односно 32,03 отсто за домување. За хигиена требале 2.375,3 денари …

Минималната синдикална кошница за ноември 33.742,1 денар Read More »

Јавниот долг годинава 60 отсто од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира НБ


Народната банка, според прелеминираните проценки, очекува оваа година јавниот долг да биде околу 60 проценти од БДП, а наредната година да се зголеми за еден до два процентни поени. Особено е важно, според гувернерката на НБ, Анита Ангеловска Бежоска, буџетските расходи целно да се насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. Макроекономските проекции …

Јавниот долг годинава 60 отсто од БДП, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира НБ Read More »

Во Србија денеска повеќе од 6.000 заразени, починаа 56 пациенти


  Според последните податоци, соседна Србија, потврди присуство на корона вирусот кај 6.557 лица. починаа 56 пациенти. Тестирани биле 15.697. На респиратор се 283 пациенти. Од пчетокот на пандемијата во Србија тестирани се 1.915.643 лица, а Ковид – 19 е потврден кај 226.209 лица. Од последиците од заразата досега починале 2.005 лица.

Владата останува на проекцијата за пад на БДП од 4,4 отсто годинава, рецесијата не е изненадување


Најновите статистички податоци за падот на БДП во третото тримесечје, за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се очекувани. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека Владата уште во април најавила дека ова ќе биде година во рецесија. Тоа, вели Битиќи, не е случај само кај нас, туку со истиот проблем се соочуваат и …

Владата останува на проекцијата за пад на БДП од 4,4 отсто годинава, рецесијата не е изненадување Read More »

Поддршката од 6.000 денари за ранливите категории граѓани ќе почне за десетина дена, најавува Битиќи


Финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани кои треба да добијат по 6.000 денари најверојатно ќе се операционализира за десетина дена, најави денес вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференција на која беше промовирана нова бескаматна кредитна линија за мали претпријатија. „Гласањето на овој закон во суштина беше малку одложено. Штом законот …

Поддршката од 6.000 денари за ранливите категории граѓани ќе почне за десетина дена, најавува Битиќи Read More »

Кејт и Вилијам на божикна турнеја како благодарност на организациите во борба против Ковид-19


Англија– Војводата и војвотката од Кембриџ започнаа со својата тридневна турнеја со Кралскиот воз, напуштајќи ја синоќа лондонската станица Еустон. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сретнаа со вработените во транспортот на станицата за да им се заблагодарат за напорната работа во текот на пандемијата Ковид-19. Шејкин Стивенс го изведе својот празничен хит „Среќен Божиќ …

Кејт и Вилијам на божикна турнеја како благодарност на организациите во борба против Ковид-19 Read More »

Извозот помал од 12,8 отсто, увозот за 11,5 проценти, трговскиот дефицит 1,63 милијарди долари


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287 милијарди денари и бележи пад од 12,8 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увезената стока, во периодот  јануари – октомври 2020 година, изнесува 376,5 милијарди денари, што е за 11,5 …

Извозот помал од 12,8 отсто, увозот за 11,5 проценти, трговскиот дефицит 1,63 милијарди долари Read More »

Не се предвидуваат нови рестриктивни мерки за угостителството и туризмот


Не се предвидува да има нови рестриктивни мерки во Секторот угостителство и туризам во периодот што следи имајќи ги во предвид податоците што ги имаме од страна на Комисијата за заразни болести, а и очекувањата за вакцинирање на населението за заштита од Ковид-19, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Моментално нема такви дискусии во …

Не се предвидуваат нови рестриктивни мерки за угостителството и туризмот Read More »

Иселениците годинава испратиле за 26 отсто помалку пари од лани


Пад од 26 проценти ќе забележат приватните трансфери годинава, а на среден рок, според Народната банка, се очекува нивно закрепнување. – Оваа година очекуваме да забележиме пад кај приватните трансфери, причината е повеќе од јасна – неповолното опкружување и неповолната состојба на меѓународните пазари каде што всушност живеат голем дел од иселениците кои ги праќаат …

Иселениците годинава испратиле за 26 отсто помалку пари од лани Read More »

Тестираните пратеници и вработени во Собранието негативни на Ковид-19


 Петмина собраниски службеници и неколкумина пратеници се негативни на Ковид-19 поради контакт со пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот. Поради состојбата на Муцунски и тестирањето на тие што биле со него во контакт во Собранието, беше одложен почетокот на продолжението …

Тестираните пратеници и вработени во Собранието негативни на Ковид-19 Read More »

Нови 31 милион евра за малите бизниси, без камата и со вградена грант компонента


Микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии ќе можат да аплицираат за третата бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од 31 милион евра. Средствата е обезбедени преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија во висина од 30 милиони евра, а еден милион евра се обезбедени од наменските програми на Владата за справување …

Нови 31 милион евра за малите бизниси, без камата и со вградена грант компонента Read More »

Данска затвора делови од земјата поради зголемен број на заразени со корона вирус


Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, денеска соопшти дека ќе бидат спроведени дополнителни мерки за „заклучување“ во делови од земјата со цел да се запре неодамнешното зголемување на бројот на заразени од корона вирус. Баровите, рестораните, музеите и кино салите ќе треба да ги затворат вратите на 9 декември во 38 општини, вклучувајќи го и Копенхаген, …

Данска затвора делови од земјата поради зголемен број на заразени со корона вирус Read More »

Бектеши: Одлуката за раскинување на концесиите за „Иловица Штука“ е соодветна


Министерството за економија постапи согласно законите за минерални сурвини и за јавно-приватно партнерство, во моментот кога и предложи на Владата да се раскинат концесиите за „Иловица Штука“, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Ние уште не сме добиле писмо од Управниот суд. Тие имаат забелешки во постапката на Второстепената комисија која постапува согласно …

Бектеши: Одлуката за раскинување на концесиите за „Иловица Штука“ е соодветна Read More »

Владините интервенции го ублажија падот на БДП, годинава раст од минус 4,8 отсто, оценува Фајнанс тинк


Во третиот квартал од 2020, БДП се намали за 3,3 проценти. Ова намалување е нешто помало од проекцијата на Finance Think од 11 април 2020 од минус 4,7 отсто, поради владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал, оценува економскиот институт Фајнанс тинк во најновиот Макроекономски монитор. „Тоа се …

Владините интервенции го ублажија падот на БДП, годинава раст од минус 4,8 отсто, оценува Фајнанс тинк Read More »

Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано


Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде …

Гир: Заеднички интерес е меѓувладината конференција да биде закажана што порано Read More »

Продолжуваат дебатите за недела да биде неработен ден


 Процесот за недела неработен ден продолжува со уште дебати, се во насока на донесување на таков закон, а дискусиите се водат со сите засегнати страни со цел што подобро решение. Ова го истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница на отворање на тамошната нова градинка. -Дебата за недела неработен …

Продолжуваат дебатите за недела да биде неработен ден Read More »

Трамп, во негов стил планира да замине од функцијата, со авион и митинг


  Претседателот на САД Доналд Трамп, навоно се подготвува да ја засени инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, така што тој ден ќе направи митинг. На митингот треба да ја потврди кандидатурата на изборите во 2024 година, пренесе Индепендент. Лондонскиот весник пишува дека Трамп планира да ја напушти функцијата на „драматичен“ начин, …

Трамп, во негов стил планира да замине од функцијата, со авион и митинг Read More »