Надворешниот долг на Албанија речиси колку албанскиот БДП


Претседателот на Конфиндустрија, Ѓерѓ Буџуку во интервју за Ора њуз телевизија рече дека јавниот долг на земјата изнесува 82 отсто од Бруто домашниот производ и наближува до 100 отсто, доколку се земат в предвид сите други обврски. -Јавниот долг пријавен во Албанија е во опсег од 82 отсто од БДП. Но, ако се разгледаат и […]

Во Кина почнуваат плаќањата со дигитален јуан


Во трансакциите меѓу клинети во Кина се воведува плаќањето со дигитален јуан, откако кинеската компанија ЏД.ком објави дека стана првата мрежна платформа што прифаќа плаќања во националната крипто валута. Како дел од промоцијата на дигиталниот јуан, компаниите ќе организираат наградна игра со „грепки“ „ЏД Дигитс“ на социјалната мрежа Вичат (WeChat), во која на среќните добитници […]

Бектеши: Падот на БДП во третиот квартал е очекуван, годинава нема да надмине 4,5 отсто


Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владата и проекциите од Министерството за финансии, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Имајќи го во предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година […]

Странските инвестиции годинава преполовени, НБ очекува постепено стабилизирање од наредната година


Странските директни инвестици годинава ќе бидат забавени на ниво од 1,6 проценти од БДП, а за догодина се очекува постепено стабилизрање на три проценти од БДП, односно враќање на преткризното ниво. -Странските директни инвестиции пред кризата во просек изнесуваа некаде околу 3,3 проценти од БДП. Оваа година очекуваме значајно забавување на странските директни ивестиции на […]

Шахпаска: Се зголемува бројот на деца во градинките, нема насоки за менување на работно време на вработените


 Се повеќе деца доаѓаат во градинките и нема потреба од нивно затворање во однос на пандемијата со Ковид-19, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во тетовска Брвеница каде беше пуштена во употреба новоизградената градинка „Сонце“. Според неа, веќе неколку недели има тренд на зголемување на бројот на деца кои одат во градинка. […]

Во „Лајка“ има шест кучиња за вдомување


  Град Скопје и ЈП „Лајка“ ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето нa ЈП Лајка и да вдомат куче. Шест кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Овие шест миленици на фотографиите се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го […]

Поставена мерна станица за квалитет на воздух во Ѓорче Петров


Поставена е мониторинг станица за мерење на нивото на загаденост на воздухот, во основното училиште Јоаким Крчовски во Волково. Општината Ѓорче Петров го прифати проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“ кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје. Од општината информираат дека мерењето […]

Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела, вели Бектеши


Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Согласно Законот за трговија и Законот за туристичка дејност и угостителство ние ги пративме нашите […]

Словенија пријави 480 нови случаи на корона вирус, 52 лица починаа


  Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 480 нови случаи на коронавирус од 1.751 тест, а 52 лица починаа, објави словенечката влада, наведувајќи дека постојните мерки остануваат на сила. Поради помалиот дневен обем на тестирање во недела, бројот на потврдени случаи е значително помал од претходниот ден, но учеството на позитивните резултати е […]

Во Босна и Херцеговина денеска 437 новозаразени, починаа 60 пациенти


  Денеска во Босна и Херцеговина има 437 новозаразени, а обработени се 1.707 тестови. Во изминатите 24 часа починаа 60 пациенти. Во Федерацијата биле тестирани 1.311, од кои 351 биле позитивни на Ковид-19. Починале 39 пациенти, или вкупно 1.706 пациенти. Во Република Српска тестирани се 392 примероци, а корона вирус имале 85. Пријавенис е 16 […]

ПИСА И ПИРЛС тестирањата во април и мај наредната година


 Во април-мај наредната година ќе се одржи ПИРЛС тестирањето за учениците од четврто одделение. Ќе бидат опфатени 150 основни улилишта од нашата држава, ќе бидат вклучени околу четири илјади ученици, а моментално се бираат учениците кои ќе бидат вклучени. Тестирањето е од типот молив-хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик. Во истиот […]

Правосилност на пресудата на Управниот Суд во корист на Еуромакс Ресоурцес


Компанијата „Еуромакс ресурсис“ денеска се огласи по одлуката на Вишиот Управен суд, со која ја потврди одлуката на Управниот суд за поништување на решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудникот […]

Нетфликс одби да ја обележи серијата „Круна“ како фикција


САД– И покрај бројните барања, меѓу другото – и на дел од британските власти, Нетфликс официјално одби да ја обележи четвртата сезона од серијата „Круна“ како фикција. Критичарите посочуваат дека серијата содржи низа измислени клучни делови и има загриженост дека публиката можеби нема да сфати дека станува збор за фикција. Ова создава посебен проблем за кралското […]

Заев за Блаже Конески: Великаните не заминуваат никогаш


Големината и значењето на животот и делото на Конески за македонскиот идентитет, за македонската национална култура, за македонскиот јазик го прават не само втемелен факт во историјата, туку и жив двигател на нашата сегашност во разни области – во науката за јазикот, во уметноста и силата на зборот, во моќта да го закрепнува нашето духовно […]

Вечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот „Македонија“


Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје. Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки […]

Од 25 најголеми производители на оружје, 12 се од САД со 60 отсто од глобалната продажба, оценува шведски институт


Глобалната продажба на воена опрема и услуги во 2019 година се зголеми , а во неа доминираат производителите на оружје од САД, а исто така успешно работеа и кинески компании, соопшти Шведскиот истражувачки институт СИПРИ. Од 25-те најголеми производители на оружје во светот, 12 се од САД. Тие се одговорни за повеќе од 60 проценти […]

Изложба на дела на Родољуб Анастасов во Музејот на Град Скопје


Во Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музејот на град Скопје в среда ќе биде отворена годишната изложба на делата на Анастасов. – Станува збор за презентација на 30-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“, вредна донациска збирка која брои околу 400 […]

Усмртил пешак на патот Тетово-Јажинце, па избегал


На регионалниот пат Тетово-село Јажинце, вчера, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од селото Дебреше, по што возилото го напуштило местото, а пешакот починал на место на незгодата. -Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е […]

Бензините поевтинуваат за денар до 1,5 денари


Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар за литар, додека цените на дизелот остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,9 отсто. Новата малопродажна цена на […]

БДП во третото тримесечје минус 3,3 проценти


Стапката на раст на Бруто домашниот производ во третото тримесечје е минус 3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти. Извозот на […]