Поставена мерна станица за квалитет на воздух во Ѓорче Петров


Поставена е мониторинг станица за мерење на нивото на загаденост на воздухот, во основното училиште Јоаким Крчовски во Волково.

Општината Ѓорче Петров го прифати проектот „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“ кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

Од општината информираат дека мерењето ќе се врши три пати годишно по 15 дена.

Мобилната мерна станица потоа ќе се постави во дворот на централното училиште Димитар П.Г. Беровски прикажувајќи го нивото на загаденост во тој дел на општината.

– Целта на студијата е да се добијат информации за поединечните извори на загадување на избраните локации, кои пак треба да бидат основа за креирање на ефикасни и реални политики за унапредување на квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето, информираше градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.