Во „Лајка“ има шест кучиња за вдомување

 

Град Скопје и ЈП „Лајка“ ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето нa ЈП Лајка и да вдомат куче.

Шест кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Овие шест миленици на фотографиите се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП „Лајка“. Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка:

E-mail: vdomi@lajka.com.mk

Телефонски број: 02/2565-859