Во Босна и Херцеговина денеска 437 новозаразени, починаа 60 пациенти

 

Денеска во Босна и Херцеговина има 437 новозаразени, а обработени се 1.707 тестови. Во изминатите 24 часа починаа 60 пациенти.

Во Федерацијата биле тестирани 1.311, од кои 351 биле позитивни на Ковид-19. Починале 39 пациенти, или вкупно 1.706 пациенти.

Во Република Српска тестирани се 392 примероци, а корона вирус имале 85.

Пријавенис е 16 смртни случаи или вкупно 1.212.

Податоците за Брчко велат дека регистриран е еден нов случај со корона вирус, а починаа петмина.