Михаел Рот: Однесувањето на Бугарија ги јакне националистите во регионот


Германската медиумска мрежа РНД, пишувајќи за несупехот на ЕУ да ги почне преговорите со Македонија, прстот на вината го вперува кон Бугарија. И вели дека тешко може да се најде некој во ЕУ кој повеќе се залага за проширувањето од Германија, па сепак и таа, за време на нејзиното претседателство, доживеа неуспех. РНД нагласува дека …

Михаел Рот: Однесувањето на Бугарија ги јакне националистите во регионот Read More »

Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да започне преговори со Македонија


Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата …

Дваесет европратеници ја повикуваат ЕУ да започне преговори со Македонија Read More »

Унгарската влада би можела да ги истисне странските трговски синџири


Унгарската влада би можела да прибегне кон протекционистички политики за да ги истурка странските трговски синџири надвор од пазарот, рече парламентарецот на Фидес, Јанош Лазар, на конференција во Будимпешта, пренесува регионалниот портал СЕЕбиз. Лазар, кој беше шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан во минатиот мандат, го рече ова на конференција за земјоделскиот сектор организирана …

Унгарската влада би можела да ги истисне странските трговски синџири Read More »

Марадона наскоро на банкнота (видео)


Аргентинскиот конгрес наскоро ќе расправа за барањето на банкнота од 1.000 пезоси да се стави ликот од покојната фудбалска ѕвезда Диего Марадона. На банкнотата вредна околу 12,27 американски долари според девизниот курс во понеделникот, од едната страна би се наоѓало ликот на Марадона, а од другата фотографија на „Божјата рака“, еден од неговите најпознати голови …

Марадона наскоро на банкнота (видео) Read More »

Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19


За многумина вакцината против Ковид-19 е голема непознаница. Во Русија веќе се планира почеток на имунизација со вакцината Спутник 5. Дописникот на ДВ, Сергеј Сатановски веќе ја прими и раскажува за ефектите и симптомите „Станете доброволец во испитувањето на вакцината против Ковид-19“– така на интернет бараа учесници за тестирањето. Во септември за вакцината се знаеше малку, …

Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19 Read More »

ОН го прогласија 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија


САД– Генералното собрание на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која 27 декември е прогласен за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија, бидејќи ширењето на Ковид-19 покажа недостатоци во предвидувањето на тоа поле. Во текстот на резолуцијата се повикуваат сите земји-членки, телата на ОН и другите глобални, регионални и субрегионални организации, приватниот сектор, цивилното општество, …

ОН го прогласија 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија Read More »

Бугарскиот влез во Македонија


Хитлер и царот Борис се состанаа во Виена на 18 април 1941 година за да ги утврдат границите на бугарската окупаторска зона во Македонија пред италијанската делегација да пристигне следниот ден. За време на овој срдечен состанок, Борис му се заблагодари на Хитлер за „силната помош на сојузничка Германија“ Иако Бугарија одби да учествува во …

Бугарскиот влез во Македонија Read More »

Почина Чак Јегер, првиот човек што го проби звучниот ѕид


Пензионираниот воздухопловен генерал Чарлс Чак Јегер, првиот човек што го проби звучниот ѕид, почина на 98 години. Неговата сопруга Викторија на Твитер напиша дека Јегер починал вчера. Јегер беше 24-годишен капетан кога во 1947 година за време на пробниот лет на американскиот воен авион на млазен погон го проби звучниот ѕид. На 14 октомври 2012 …

Почина Чак Јегер, првиот човек што го проби звучниот ѕид Read More »

Велика Британија: Деведесетгодишна жена прва ја прими вакцината против Ковид-19


Англија – Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е прва особа во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек. Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека е привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја прими првата вакцина. Велика Британија нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку …

Велика Британија: Деведесетгодишна жена прва ја прими вакцината против Ковид-19 Read More »

Кардашијанс ја откажаа божикната забава за прв пат по 1978 година


САД– За Кардашијанс, Божиќ е целосна, голема афера во нивното домаќинство. Никаков трошок се чини дека не е поштеден кога станува збор за празнични украси, дарување подароци и секако, нивната позната забава за Божик Во Лос Анџелес, забавата е да се покани – така знаете дали сте внатре или надвор со кланот Кардашијан. Но, добро,… …

Кардашијанс ја откажаа божикната забава за прв пат по 1978 година Read More »

Како скијањето ја подели Унијата повеќе од короната


Германија, Франција и Италија инсистираат скијачките центири да не бидат отворени за време на Божик и новогодишните празници; против се Австрија, Словенија, Бугарија и Швајцарија. Инсистирањето на германската канцеларка Ангела Меркел до 10 јануари сите скијачки центри во Европска Унија да бидат затворени за успешно да се запре ширењето на пандемијата со коронавирусот предизвика жолчен …

Како скијањето ја подели Унијата повеќе од короната Read More »

Концерт „Филхармонија за Филхармонија“ со дела од Манчев и врвни класици


Музичари од оркестарот на Филхармонијата, в четврток, во 20 часот, ќе одржат камерен концерт во големата сала со наслов „Филхармонија за Филхармонија“, на кој ќе бидат изведени дела од македонскиот композитор Томе Манчев, од П. И. Чајковски, Л. В. Бетовен, Ференц Фаркаш и од Бизе. Во рамките на концертот ќе настапат Мојца Седеу – перкусии, …

Концерт „Филхармонија за Филхармонија“ со дела од Манчев и врвни класици Read More »

Пендаровски: Мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата


Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима. -Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го …

Пендаровски: Мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата Read More »

Европски клуб на (богати) егоисти


Во оваа трагична година, ЕУ го покажа своето вистинско лице: таа е и останува клуб на егоисти пишува германскиот весник Тагесцајтунг во анализа на последните случувања во Брисел и судирот со Полска и Унгарија Германското претседателство со ЕУ не ја извлече Европа од кризата, сè стана уште полошо: Брегзит, корона, спорови за пари, се наведува …

Европски клуб на (богати) егоисти Read More »

Поради блокадата на Бугарија, дискусијата за преговарачките рамки истисната од дневен ред на ЕУ


Белгија– Денеска се одржува министерскиот состанок за европски прашања на кој требаше да се даде зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и најверојатно за Албанија со дополнителни услови, но поради ветото на Бугарија целата дискусија е отстранета од дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел. Германското претседателство и останатите …

Поради блокадата на Бугарија, дискусијата за преговарачките рамки истисната од дневен ред на ЕУ Read More »

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во …

Состојба на патиштата Read More »

Активни 21 678 случаи со Ковид 19, во центрите има слободни места, вакцината стигнува во првите месеци од 2021 година


Нови 365 случаи на Ковид-19 се регистрирани во текот на вчерашниот ден со што бројката на вкупно активни изнесува 21 678. Во инфективните оддели во Скопје и болниците низ земјата се лекуваат 1 348 пациенти, слободни се 180 кревети. Се регистрираат и оздравени пациенти, во вчерашниот ден во статистиката има 1059, а надлежните вакцината ја …

Активни 21 678 случаи со Ковид 19, во центрите има слободни места, вакцината стигнува во првите месеци од 2021 година Read More »

Одбележување на 8 Декември – Св. Климент Охридски


По повод празникот 8 Декември – Св. Климент Охридски, делегација на Владата, во чиј состав ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе положи цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“. Пред споменикот цвеќе ќе …

Одбележување на 8 Декември – Св. Климент Охридски Read More »

Белата куќа одбила понуда на Фајзер да обезбеди повеќе вакцини за САД


САД – Официјални лица од администрацијата на Доналд Трамп летоска одбиле понуда на фармацевтската компанија Фајзер за продажба на дополнителни дози вакцини против Ковид-19 во САД, објави синоќа Њујорк тајмс. Поради тоа, компанијата сега можеби не е во можност да обезбеди повеќе од својата вакцина во САД до јуни 2021 година. Фајзер за земјава има направено …

Белата куќа одбила понуда на Фајзер да обезбеди повеќе вакцини за САД Read More »

Министерот Хоџа на средба со тутунари во Прилеп


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска во Прилеп ќе одржи средба со Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари. Средбата е закажана за 12 часот, во административната зграда на Општина Прилеп. По завчерашниот предупредувачки протест, тутунарите од Прилепско вчера протестираа во центарот на градот и пред откупниот пункт на Тутунскиот комбинат, додека за утре …

Министерот Хоџа на средба со тутунари во Прилеп Read More »