Николина Пишек: Модна икона, а дизајнира за деца и родители


Хрватска-Тв водителката и една од најдобро облечените јавни личности во регионот Николина Пишек (44), позната на македонската јавност по шоуто „Операција Триумф“ и лице од новогодишниот календар на „Тиквеш“ заплива во модните води-нејзиниот еколошки освестен бренд Guilty or Innocent, за деца и родители, штотуку го промовира.   Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца


Луѓето кои ќе ја примат руската вакцина против Ковид-19, спутник V, мора два месеца да се воздржат од пиење алкохол, изјави шефицата на службата за заштита на потрошувачите, Ана Попова. Инструкциите следат откако заменичката на премиерот Татјана Голикова изјави дека граѓаните треба да избегнуваат алкохол и имуносупресиви 42 дена, затоа што вакцината се прима во …

Кој ќе ја прими руската вакцина не треба да пие алкохол два месеца Read More »

Трамп го потпиша указот со кој САД имаат приоритет при вакцинирањето


САД– Од страв дека САД може да останат без доволно вакцини, американскиот претседател Доналд Трамп вчера го потпиша указ со кој на домашните коминтенти ќе им се даде предност при доставувањето вакцини против Ковид-19, во однос на извозот во други земји. -Декретот осигурува дека американската Влада дава приоритет на вакцинирањето на американските граѓани, пред вакцините …

Трамп го потпиша указот со кој САД имаат приоритет при вакцинирањето Read More »

Молинаро од СЗО: Авио-превозниците повеќекратно ја кренаа цената на сувиот мраз и медицинската опрема


Швајцарија– Некои авио-превозници пред божиќните и ноговогодишните празниците бараат досега „невидени“ износи за транспорт на сув мраз и друга медицинска опрема, но капацитетите треба да се зголемат во 2021 година кога се очекува да почне вакцинацијата против Ковид-19, изјави Пол Молинаро, раководител на Одделот за поддршка и логистика при Светската здравствена организација. -Дистрибуцијата на вакцината …

Молинаро од СЗО: Авио-превозниците повеќекратно ја кренаа цената на сувиот мраз и медицинската опрема Read More »

Најмногу дожд во Пожаране, магла во Струмичко


Изминатите 24 часа  во Пожаране наврнале 10 литри дожд на метар квадратен, во Дебар девет, во Тетово и во Охрид по осум,  четири во Прилеп, три во Претор….Изутринава во седум часот во Берово се измерени  – 2 степени Целзиусови, а на останатите места во државата температурата е над 0, односно 1 во Лазарополе, 2 Маврово, …

Најмногу дожд во Пожаране, магла во Струмичко Read More »

Шекеринска и Тасева ќе претстават резултати на меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на Транспаренси Интернешaнaл – Македонија, Слаѓана Тасева, денеска на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ќе одржат заедничка прес-конференција. Како што е најавено, на прес-конференцијата во Министерството за одбрана, ќе бидат претставени резултатите на меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната (Government defence integrity …

Шекеринска и Тасева ќе претстават резултати на меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната Read More »

Во Иран уапсени неколку лица вмешани во убиството на нуклеарниот научник


Иран– Неколку лица се уапсени за вмешаност во убиството на водечки ирански нуклеарен научник, Мохсен Фахризад, изјави советникот на претседателот на иранскиот Парламент, Хосеин Амир-Абдолахијан, соопшти иранската агенција ИСНА, на која се повикуваат британските меидуми. -Сторителите на овој атентат, од кои некои беа идентификувани, па дури и уапсени од безбедносните служби, нема да избегаат од правдата, …

Во Иран уапсени неколку лица вмешани во убиството на нуклеарниот научник Read More »

Состојба на патиштата


ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБА НА ПАТНИ ПРАВЦИ И ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ 06:05 часот СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.Слаб дожд паѓа низ цела Македонија. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. …

Состојба на патиштата Read More »

Бајден: Во првите сто дена од мандатот ќе има 100 милиони вакцинирани


САД– Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претстави тимот што ќе го води неговиот тим во борбата против пандемијата и кажа дека ќе биде потребна масовна дистрибуција на вакцини за да се постигне неговата цел – во првите сто дена од неговиот мандат да има сто милиони вакцинирани, пренесуваат британските медиуми. На брифинг во Вилмингтон, Бајден …

Бајден: Во првите сто дена од мандатот ќе има 100 милиони вакцинирани Read More »

Во хеликоптерска несреќа во француските Алпи загинаа пет лица


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека во хеликоптерска несреќа што се случи над француските Алпи пет лица го загубија животот, додека едно е повредено и се бори за живот. Хеликоптерот превезувал воздухопловен спасувачки екипаж, кој бил на обука, и се урнал од висина од 1.800 метри, наведуваат локалните власти. Еден од пилотите ја …

Во хеликоптерска несреќа во француските Алпи загинаа пет лица Read More »

Изложба на слики од Дита Старова Ќерими во КИЦ


Изложба на слики од ликовниот уметник Дита Старова Ќерими ќе биде отворена денеска во Културно-информативниот центар во Скопје. На изложбата авторот ќе се претстави со 15 дела, работени во техника акрилик на платно, создадени последниве години. Изложбата ќе биде отворена до 22 декември 2020 година. Дита Старова Ќерими (1984) е директорка на Националната галерија, афирмирана академска сликарка …

Изложба на слики од Дита Старова Ќерими во КИЦ Read More »

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го претстави 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании. Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата. Наградите ќе бидат врачени од …

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го претстави 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании Read More »

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата на републиканците за Пенсилванија


САД – Врховниот суд на САД синоќа ја отфрли последната тужба на републиканците во врска со законитоста на изборниот процес во Пенсилванија, пренесуваат американските медиуми. Судот без коментар одби да го доведе во прашање изборниот процес во Пенсилванија. Републиканците ги повикаа судиите да интервенираат откако Врховниот суд го отфрли нивниот случај. Тие тврдат дека гласањето по …

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата на републиканците за Пенсилванија Read More »

Минатата недела намален број починати и новозаболени од Ковид-19, но дневно се уште високи бројки


За 10,7 отсто е намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто е намален бројот на новозаразени, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември од тестирани 17.456 материјали во лабораториите. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани …

Минатата недела намален број починати и новозаболени од Ковид-19, но дневно се уште високи бројки Read More »

Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за С. Македонија, ЕУ не се откажува


Белгија – Како што се очекуваше Бугарија стави вето за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, и со тоа го попречи носењето одлука и за Албанија, германското претседателство меѓутоа уверува дека стартот на процесот е прашање само на време, јави дописничката на МИА од Брисел. За министерот за европски работи на Германија, и претседавач …

Бугарија ја блокираше преговарачката рамка за С. Македонија, ЕУ не се откажува Read More »

Бучковски во Софија на средби со Борисов, Захариева, Каракачанов и Радев


Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија. Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски. По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат …

Бучковски во Софија на средби со Борисов, Захариева, Каракачанов и Радев Read More »

Облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд


Времето ќе биде облачно и од изутрина со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во …

Облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд Read More »

Манчестер јунајтед испадна од Лигата на шампиони, мечот ПСЖ – Башакшехир прекинат


Манчестер јунајтед остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето кај Лајпциг, додека прашањето за вториот патник од Х-групата вечерва остана отворено поради прекин на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир. УЕФА дополнително треба да донесе одлука во врска со прекинатиот мечот во Париз. Прекинот во Париз се случи …

Манчестер јунајтед испадна од Лигата на шампиони, мечот ПСЖ – Башакшехир прекинат Read More »

Квалификации СП 2022: Романија прв противник на македонската фудбалска репрезентација, Германија во Скопје на 11 октомври


Македонската фудбалска репрезентација квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар ќе ги започне со меч на гостински терен против Романија, на 25 март следната година. Во второто квалификациско коло Лихтенштајн ќе гостува во Скопје, на 28 март, додека на 31 март „црвено – жолтите“ гостуваат кај главниот фаворит во Ј-групата, Германија. На 2 …

Квалификации СП 2022: Романија прв противник на македонската фудбалска репрезентација, Германија во Скопје на 11 октомври Read More »

Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа


Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во ракометната Лига Европа откако вечерва во Битола го совладаа Тримо Требње со 33:26 (20:14). Македонскиот претставник одигра одличен натпревар со постојано водство кое кон крајот на средбата се движеше од 7 до 8 голови, а тоа пак овозможи битолчани да презентираат и атрактивни гол акции. Најефикасен …

Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа Read More »