Шекеринска и Тасева ќе претстават резултати на меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на Транспаренси Интернешaнaл – Македонија, Слаѓана Тасева, денеска на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Како што е најавено, на прес-конференцијата во Министерството за одбрана, ќе бидат претставени резултатите на меѓународното истражување на Транспаренси Интернешанал – Индексот за интегритет во одбраната (Government defence integrity index 2020), во кое Северна Македонија учествува прв пат.