Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата на републиканците за Пенсилванија


САД – Врховниот суд на САД синоќа ја отфрли последната тужба на републиканците во врска со законитоста на изборниот процес во Пенсилванија, пренесуваат американските медиуми.

Судот без коментар одби да го доведе во прашање изборниот процес во Пенсилванија.

Републиканците ги повикаа судиите да интервенираат откако Врховниот суд го отфрли нивниот случај. Тие тврдат дека гласањето по електронска пошта во Пенсилванија било незаконско и дека се потребни уставни измени за да се спроведе во рамки на правото.

Гувернерот на Пенсилванија, Том Волф, веќе ја призна победата на Бајден, а 20-те државни електори треба да се состанат на 14 декември за да го дадат својот глас за Бајден.

Бајден освои 306 електорски гласови, така што тој би имал повеќе од потребниот минимум од  270, дури и доколку резултатите во Пенсилванија се доведоа во прашање.

Бајден победи со повеќе од 80.000 гласови разлика во оваа сојузна држава, каде Трамп го освои мнозинството гласови во 2016 година.