Облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде облачно и од изутрина со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во источните делови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер и со повремено поинтензивен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени.