Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го претстави 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија денеска преку хибридна презентација ќе го претстави јубилејното 10-то издание на ТОП 100 најуспешни компании.

Покрај промоцијата на каталогот на најмоќните 100 компании, ќе бидат доделени неколку награди на компании со посебно достигнување во одредената област, како и придонес и влијание на економијата на државата.

Наградите ќе бидат врачени од страна на претставници на Комората, како и од претставници од Владата на Северна Македонија.