Нови 977 случаи на Ковид-19, починаа 31 лице


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-503, Куманово-55, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Охрид-40, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22. Денеска Институтот […]

Реакција на Владата: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, за идентитетот и јазикот нема преговори


Според владини извори, македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се предмет на преговори, а преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија   Блокадата на Бугарија за утврдување на преговарачката рамка за Македонија е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски […]

Владата именуваше директори и членови на одбори


На оваа своја седница владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата на Северна Македонија, членови на комисии, како и други кадровски прашања. Така, Владата го отповика  Бејназ Арифи од должноста член на Надзорниот одбор на Акционерското друштво за […]

Државата ќе се задолжи во ЕБРД за брз автобуски превоз


На оваа седница, Владата го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две […]

Осоговските планини прогласени за заштитено подрачје


Владата на оваа седница донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на Заштитен предел – […]

Владата ќе купи тестови за Ковид по брза постапка


Владата на денешната седница го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку […]

Поради пандемијата карневалот во Рио де Жанеиро ќе се помести за јули


Училиштата за самба во Рио де Жанеиро соопштија дека славниот карневал ќе се одржи во јули 2021 година, а вообичаените поворки во февруари се одложени поради епидемијата на коронавирусот. Но, според Лиеса, главната асоцијација на училишта за самба во градот, новиот датум ќе зависи и од достапноста на вакцините, како и од одлуката на владата […]

ЕУ не се откажува од стaрт на преговорите со Македонија до крајот на годината


Германскиот министер за Европа и претседавач со денешниот министерски состанок на ЕУ, Михаил Рот, по денешната блокада за преговарачката рамнка за земјава од страна на Бугарија порача дека ЕУ не се откажува да помогне да се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија и до крајот на оваа година да се усвои преговарачката рамка, јави дописничката […]

Амазон отвори онлајн-аптека


 Американскиот онлајн ритејлер Амазон денeска стартуваше сo сопствена интернет-аптека „Amazon Pharmacy“, од каде може да се порачуваат лекови на рецепт.   Новиот сервис можe да стане сериозен конкурент на обичните ланци на аптеки и фармации во САД поради уривање на цените, уште повеќе поради тоа што потписниците на „Амазон прајм“ ќе можат да порачуваат со бесплатна […]

Во ЕУ увезени речиси 23 милиони неисправни маски


Во Европската унија кон средината на септември речиси 23 милиони заштитни маски беа неисправни, потврди Европската комисија. Еврокомесарот за правда го известил хрватскиот пратеник Томислав Сокол дека неговата пријава во РАПЕКС, безбедносната порта за брза реакција за опасни непрехранбени производи, а која била поврзана со заштитните маски, покажа дека кон средината на септември 2020 година […]

Во Босна и Херцеговина повторно 70 починати, 1.255 позитивни


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 3.718 лица, а 1.255 се позитивни на корона вирус. Починаа уште 70 пациенти. За споредба, вчера беа регистрирани 733 новозаразени, а бројот на починати пациенти беше 74. Во Федерацијата тестирани се 2.573 примероци, од кои 845 биле позитивни на вирусот, а пријавени се 53 […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 792 пациенти, слободни кревети има


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, пријавено е дека се лекуваат 640 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои болнички се лекуваат на […]

Албанија забранува партиски, верски и домашни собирања, денеска нов рекорд од 694 заразени


Техничкиот комитет на експерти за заразни болести на Албанија денеска донесе одлука за дополнителни ограничувања поради ширењето на коронаврусот. -Од денес се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници,како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да […]

Повторно голем број починати и новозаразени во Грција


Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2.422 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443. Од почетокот на епидемијата, од Ковид-19 во Грција починаа 1.228 лица, а регистрирани се […]

Бугарија ја блокираше Македонија, но ја поддржа Албанија


Екатерина Захариева ѝ подели совети на Македонија да не се откажувала лесно од патот кон ЕУ и дека нивното вето не значело „виткање раце“   Бугарија денеска и официјално ја блокираше Македонија во ЕУ за усвојување на рамката за преговори, а во исто време ја поддржа Албанија, велејќи дека Тирана ги исполнила повеќето од условите. […]

УО на Пошта ја избра Халк банка за извршување на услугите од платниот промет


Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ на денешната седница ја прифати конечната понуда на Халк банка АД Скопје како најповолна, согласно усвоените критериуми за евалуација на понудата, извести Поштата преку нејзиниата интернет страница. Рокот за имплементација се два месеца до технички прием на Пошта, т.е имплементација на постојниот систем кој и досега беше […]

Пекинг обвинет дека со тестирањето на замрзнатата храна од увоз ја попречува трговијата


Кина воведе строго тестирање на храната од увоз поради Ковид-19, што предизвика реакции кај големите производители, кои тврдат дека тестовите може да се класифицираат како ограничување на трговијата. Кина објави дека го открила новиот коронавирус на амбалажата на производи од 20 држави, вклучително свинско месо од Германија, говедско месо од Бразил и на риба од […]

Косовската претседателка Вјоса Османи позитивна на Ковид-19


Косово– Вршителката на должноста претседател на Косово и претседателка на косовското Собрание, Вјоса Османи е заразена од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста ја објави самата Османи преку нејзината сттраница на Фејсбук, каде што наведе дека, поради контакт со блиски кои се заразени од корнавирусот, го извршила тестирањето и резултатот бил позитивен. Османи […]

Во преработувачката индустрија очекуваат намалување на бројот на вработени


Состојбата на обезбеденоста на производството во преработувачката индустрија со порачки во октомври во однос на септември годинава е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени. Според оценката на раководителите на фирмите индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во […]

Во третиот квартал имало 9,8 милиони патници, за 44,1  отсто помалку од лани


Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третиот квартал годинава изнесува 9.824.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 45,2 отсто, во приградскиот превоз за […]