Во Босна и Херцеговина повторно 70 починати, 1.255 позитивни


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 3.718 лица, а 1.255 се позитивни на корона вирус. Починаа уште 70 пациенти.

За споредба, вчера беа регистрирани 733 новозаразени, а бројот на починати пациенти беше 74.

Во Федерацијата тестирани се 2.573 примероци, од кои 845 биле позитивни на вирусот, а пријавени се 53 починати пациенти.

Досега се тестирани 249.175 примероци, а корона вирсуот е потврден кај 46.937 лица.

До денеска, оздравеа 27.627 пациенти. Активни се 18.070 случаи.

Вкупно во федерацијата од корона вирус починаа 1.240.

Во Брчко тестирани се 92 примероци, а 48 се позитивни.

Починал еден пациент.

Во Република Српска тестирани се 1.053 примероци, а корона вирус имале 362 лица.

Пријавени се 16 смртни случаи, со кои досега од корона вирус починаа 749.

Досега потврдени се 25.818 случаи со корона вирус, оздравеа 10.542, а вкупно се тестирани 121.983 лица.