Во третиот квартал имало 9,8 милиони патници, за 44,1  отсто помалку од лани

Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третиот квартал годинава изнесува 9.824.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 45,2 отсто, во приградскиот превоз за 38,5 отсто, во меѓуградскиот превоз за 56,4 отсто, а во меѓународниот превоз за 88,6 отсто.

Во третото тримесечје од годинава, во однос на истиот период од минатата година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 78,6 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 84,5  отсто, во приградскиот превоз за 78,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 65,3 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 86,1 отсто.