Во Косово вчера регистрирани 15 починати, 775 заболени и 553 излекувани од Ковид-19


 Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 963 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 15 од пациентите заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 775 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот …

Во Косово вчера регистрирани 15 починати, 775 заболени и 553 излекувани од Ковид-19 Read More »

Ахмети очекува конструктивни разговори со Бугарија


Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе се надминат пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Северна Македонија како дел од Европската Унија. Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која …

Ахмети очекува конструктивни разговори со Бугарија Read More »

Шекеринска го брани премиерот


Она што премиерот Зоран Заев го кажа во интервју за БГНЕС не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. – Планот, политиката е да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век – …

Шекеринска го брани премиерот Read More »

Месиќ: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната


Сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање …

Месиќ: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната Read More »

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, на Инфективното ќе ротираат матични лекари


Прилепскиот кризен штаб од главниот штаб во државава бара заострување и воведување дополнителни рестриктивни мерки. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, ситуацијата се оценува како влошена и крјано загрижувачка. – Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати …

Прилеп бара дополнителни рестриктивни мерки, на Инфективното ќе ротираат матични лекари Read More »

Србија со нови црни рекорди, повеќе од 7.500 заболени денеска


  Во Србија денеска се забележани 7.606 случаи со корона вирус, а починаа 51 пациенти. Тестирани се 21.569 лица. Во болница се лекуваат 6.722 лица, а во моментот на респиратор се 243 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Србија се регистриранивкупно 148.210 случаи со корона вирус. Тестирани се 1.703.985 луѓе. Досега починаа 1.366 лица. Во …

Србија со нови црни рекорди, повеќе од 7.500 заболени денеска Read More »

Министерката Стефоска вели дека Бугарија мора сама да се справува со своето минато


Секое општество, па и бугарското, мора да најде начини само да се справи со темните точки од своето минато, рече денеска министеркта а за култура Ирена Стефоска, по бурата од реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС. „Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај …

Министерката Стефоска вели дека Бугарија мора сама да се справува со своето минато Read More »

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто


Во еден драматичен отклон од својот наследник во партијата, Бранко Црвенковски денеска со јавно обраќање до членовите на СДСМ побара од нив да се оградат од ставовите на Зоран Заев изнесени во интервјуто за бугарскиот медиум, затоа што тие ќе предизвикале „тешки и долгорочни последици за македонскиот народ  и македонската држава“. Тој, исто така, објави …

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто Read More »

Каракачанов: Заев направи чекор во вистинската насока


Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. „За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме …

Каракачанов: Заев направи чекор во вистинската насока Read More »

Твоја партија прашува во чие име зборува Заев


ТВОЈА партија со огромно разочарување го проследи последното интервју на актуелниот премиер Зоран Заев и со загриженост прашуваме во чие име тој зборува?, велат од партијата. -Дали ставовите кои Заев ги изнесува, се официјален став на Владата, на СДСМ или на парламентарното мнозинство?Од сето изнесено во интервјуто, не може а да не се забележи нитка …

Твоја партија прашува во чие име зборува Заев Read More »

Адвокатот на Марадона: Брзата помош возеше половина час, 12 часа мојот клиент остана без надзор од лекарите. Криминален идиотизам


Матијас Морла, адвокат на починатиот поранешен аргентински фудбалер Диего Марадона, ги критикуваше лекарите кои требаше да се грижат за неговиот клиент. – Необјасниво е дека 12 часа мојот пријател не доби внимание и беше оставен без надзор од медицинскиот персонал кој требаше да го стори тоа. Брзата помош возела половина час. Ова е криминално идиотизам. …

Адвокатот на Марадона: Брзата помош возеше половина час, 12 часа мојот клиент остана без надзор од лекарите. Криминален идиотизам Read More »

До 2022 патната врска со Бугарија ќе биде целосно обновена, забрзано се работи на делницата Крива Паланка-Деве Баир


Реконструкцијата и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, …

До 2022 патната врска со Бугарија ќе биде целосно обновена, забрзано се работи на делницата Крива Паланка-Деве Баир Read More »

Советот на Oпштина Тетово дозволи јавно претпријатие да земе кредит поради загубите


Советот на Општина Тетово на денешната 36-та седница изгласа согласност јавното претријатие „Градски паркинг“ да земе кредит во висина од шест милиони денари за да ги покрие финансиските загуби. За барањето за кредит денеска одговорност од менаџерскиот тим побара советникот Горан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ. -Имате подадена рака од Советот, но мора да ги смените работите, или …

Советот на Oпштина Тетово дозволи јавно претпријатие да земе кредит поради загубите Read More »

Грците штрајкуваа за бесплатно здравство за сите


Под слоганите „Мерки за заштита на здравјето и приходите“; „Бесплатно здравство за сите“; „Дајте пари за здравството“, денеска во Атина се одржаа неколку одвоени собири, организирани од различни федерации и здруженија што учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк на Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Протестите беа мирни, …

Грците штрајкуваа за бесплатно здравство за сите Read More »

Италија, Грција, Шпанија и Малта против новите правила за азил


Земјите од Европската унија кои се најтешко погодени од пристигнувањето на стотици илјади илегални мигранти во текот на изминатите пет години денеска изразија загриженост дека новите предлози за обнова на системот за азил на ЕУ ќе продолжат да ги оставаат со голем товар. Грција, Италија, Малта и Шпанија во заедничкото соопштение велат дека задолжителните квоти …

Италија, Грција, Шпанија и Малта против новите правила за азил Read More »

Шахпаска на средба со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19 градинките се безбедни


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на …

Шахпаска на средба со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19 градинките се безбедни Read More »

Прва инвестиција на Бизнис-акцелераторот на УКИМ за „Елевејт глобал“


„Елевејт глобал“ е првата стартап-компанија поддржана од Бизнис-акцелераторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (БАУ) кој помага со инвестиции во секоја фаза од развој на идеите, менторство, пристап до нови пазари, развој на продукт, поддршка во технологија. БАУ ќе и додели две транши на „Елевејт глобал“: иницијална инвестиција во износ од 25.000 евра и последователна …

Прва инвестиција на Бизнис-акцелераторот на УКИМ за „Елевејт глобал“ Read More »

Гасификацијата се одвива по предвидената динамика


Динамиката на изградба на примарната гасоводна мрежа се одвива според планираното, а процесот мора да се одвива непречено и понатаму, нагласил денес вицепремиерот Фатмир Битиќи на работен состанок со директоротна АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговарал за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна …

Гасификацијата се одвива по предвидената динамика Read More »

„Интернешнал фреш фуд“ инвестира 50 милиони евра во производство на домашно пилешко месо, ќе се вработат 3.000 лица


Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3.000 нови работни места. Инвеститорот планира да изгради сопствена кланица за живина во селото Врапчиште, Гостиварско, како и фарми во Кочани, …

„Интернешнал фреш фуд“ инвестира 50 милиони евра во производство на домашно пилешко месо, ќе се вработат 3.000 лица Read More »

Сојузот на борците изненаден од „неодмерените квалификации“ на Заев


Контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС предизвика реакција и од Сојузорт на борците од НОВ. Во реакцијата се вели: „Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и членовите продолжувачи е изненаден од неодмерените квалификации на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто дадено на бугарски медиум. Како учесници во најсветлиот …

Сојузот на борците изненаден од „неодмерените квалификации“ на Заев Read More »