Министерката Стефоска вели дека Бугарија мора сама да се справува со своето минато


Секое општество, па и бугарското, мора да најде начини само да се справи со темните точки од своето минато, рече денеска министеркта а за култура Ирена Стефоска, по бурата од реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС.

„Убедена сум дека премиерот сака буквално да ја истурка земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори тој не може да ѝ помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато“., рече Стефоска. Во тоа справување со минатото Бугарија треба да го следи примерот на поранешниот германски канцелар Вилеи Брант кој во Варшава клекна пред споменикот на жртвите на нацистичкиот режим и со тоа се извини за злосторствата направени во Втората светска војна. Така можеше да почне процесот на простување, рече Стефоска.

„Во секоја национална историја има разни страни – темни и светли и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции. Ако услов за нашите евроинетргации се историјата или идентитетски прашања, укажа таа, тогаш немаше да постои Европската унија. Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите членки на ЕУ. Убедена сум дека со поддршка на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи и понатаму“, рече Стефоска, која е професорка во Институтот за национална историја.