Србија со нови црни рекорди, повеќе од 7.500 заболени денеска


 

Во Србија денеска се забележани 7.606 случаи со корона вирус, а починаа 51 пациенти.

Тестирани се 21.569 лица.

Во болница се лекуваат 6.722 лица, а во моментот на респиратор се 243 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија се регистриранивкупно 148.210 случаи со корона вирус. Тестирани се 1.703.985 луѓе. Досега починаа 1.366 лица.

Во вторникот беа воведени нови пострги мерки. Во средата на повисоките одделенија во основно и средно им беше речено да продолжат со настава онлајн, а исто важи за факултетите.

Епидемилогот д-р Предраг Кон, синоќа рече дека со мерките се задоцнило.

Лекарите постојано апелираат да се почитуваат мерките за тие да имаат ефект.

Сепак, засега не се размислува за забрана за движење и воведување полициски час.