Од среда Албанија го враќа полицискиот час


Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 соопшти дека од среда во Албанја се враќа полицискиот час,во период од три недели. -Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22 до 6 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, …

Од среда Албанија го враќа полицискиот час Read More »

ДКСК: Под политичко влијание може да се В.Д. директорите кои се на функција подолго од законскиот рок


Именувањето на функцијата ВД директор одредени институции не го кориситат за да се надмине некоја времена состојба туку се користи како да е редовен начин за постапување на директор. Ова е заклучокот на Антикорупциската комисија за кој денеска на прес-конференција информираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, како и за останатите предметите по кои комисијата постапувала. Ивановска појаснува …

ДКСК: Под политичко влијание може да се В.Д. директорите кои се на функција подолго од законскиот рок Read More »

Украинскот претседател е позитивен на Ковид-19


Украинскиот претседател Володимир Зеленски е позитивен на Ковид-19, соопшти неговиот кабинет. Шефот на државата се чувствува добро, се нагласува во соопштението. Зеленски е во самоизолација и ќе продолжи да ги извршува своите должности онлајн.

Трамп може да биде отстранет од Белата куќа со „Сикрет сервис“ доколку одбие да замине


Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде отстранет од Белата куќа од страна на агентите на „Сикрет сервис“ доколку тој одбие да замине, јавија западни медиуми повикувајќи се на експерти. Актот за претседателска транзиција од 1963 година е клучен за трансферот на власта во САД. Државните службеници имаат рок за давање информации и пристап до …

Трамп може да биде отстранет од Белата куќа со „Сикрет сервис“ доколку одбие да замине Read More »

Во Косово нови 13 починати и 637 заболени од Ковид-19, активни 7.798 случаи


Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 768 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од корона вирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.712 тестови со методот РТ-ПЦР (108.482 вкупно …

Во Косово нови 13 починати и 637 заболени од Ковид-19, активни 7.798 случаи Read More »

Хаг: Тачи се изјасни дека не е виновен за воени злосторства


Поранешниот косовски претседател и еден од основачите и член на ОВК, Хашим Тачи денеска изјави дека не е виновен и не ги признава обвиненијата од Специјалното обвинителство во Хаг. – Обвинението е без никаква основа и јас изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението, рече Тачи, изјаснувајќи се пред …

Хаг: Тачи се изјасни дека не е виновен за воени злосторства Read More »

Социјална заштита и за лицата кои до сега не беа евидентирани во системот


Министерството за труд и социјална политика го проширува опфатот на социјалната заштита и за лицата кои досега не беа евидентирани во системот преку нови измени на Законот за социјална заштита. Со измените, кои влегуваат во собраниска процедура, се овозможува приматели на социјална заштита да бидат и лицата кои добиле извод од посебната матична книга на …

Социјална заштита и за лицата кои до сега не беа евидентирани во системот Read More »

БиХ ќе ги заострува мерките против корона вирусот


Властите во БиХ, каде во еден ден се регистрирани дури 73 смртни случаи, но и поради лошата епидемиолошка ситуација, најавуваат нови рестриктивни мерки против Ковид-19. Локалните медиуми објавија дека Кризниот штаб на БиХ утре ќе ги заостри мерките против корона вирусот, кои директно ќе се однесуваат на граѓаните. Мерките ќе се однесуваат на ограничување на …

БиХ ќе ги заострува мерките против корона вирусот Read More »

Почна поставување на монтажен објект во кругот на кумановската болница


Почна поставувањето на монтажен шатор во кругот на општата болница Куманово кој ќе се користи како дневна болница каде ќе се примаат пациенти заболени од Ковид 19, кои примаат терапија, а се на домашно лекување потврди денеска, директорката на кумановската болница Снежана Захариева. Претходно и пратеникот во Собранието, Мартин Костовски објави дека шаторот се поставува …

Почна поставување на монтажен објект во кругот на кумановската болница Read More »

Брегу: Владите на Западен Балкан да го остварат заедничкиот регионален пазар


Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, нагласи дека владите на земјите од регионот ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на заедничкиот регионален пазар. Како што истакна Брегу, лидерите од Западен Балкан утре ќе го потврдат новиот план …

Брегу: Владите на Западен Балкан да го остварат заедничкиот регионален пазар Read More »

ЦЕФТА ќе го спроведува најголемиот дел од активностите од планот за Заеднички регионален пазар


Шестемина лидери од Западен Балкан ќе го усвојат планот за формирање Заеднички регионален пазар (ЗРП) на самитот во Софија што ќе се одржи утре во рамки на Берлинскиот процес. ЦЕФТА директно ќе ги спроведува клучните активности од планот. -Западнобалканската шесторка предлага Акциски план за Заеднички регионален пазар (ЗРП) што треба да се спроведе до крајот …

ЦЕФТА ќе го спроведува најголемиот дел од активностите од планот за Заеднички регионален пазар Read More »

Потрошувачката кошничка 33.704 денари


Вредноста на минималната потрошувачка кошничка за октомври 2020 година изнесува 33.704 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, во кошничката, исхраната и пијалаците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари. За облека и обувки се потрошиле по 2.157,26 денари, за култура 1.066,79, додека …

Потрошувачката кошничка 33.704 денари Read More »

Жените претприемачи и менаџери ќе ги подобруваат вештините преку проект на ЦЕЕД Хаб Скопје и УСАИД


ЦЕЕД Хаб Скопје со поддршка на УСАИД објави повик за учество во проект за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери чија цел е да се намали влијанието што Ковид-19 го има врз бизнисите водени од жени. Со вклучувањето во проектот, жените сопственички на бизниси и жените на раководни структури во компаниите ќе имаат …

Жените претприемачи и менаџери ќе ги подобруваат вештините преку проект на ЦЕЕД Хаб Скопје и УСАИД Read More »

Берлин подготвил нон-пејпер, Захариева го прифатила, но Софија потоа го отфрлила


Нон-пејперот за кој се договориле двете страни го објавува познатиот австриски новинар Кристијан Вершуц. Тој тврди дека на состанокот на министрите во Берлин минатиот понеделеник претседавала Ангела Меркел. Овој нон-пејпер не засега ништо од македонскиот идентитет, јазик и не се занимава со историјата   Познатиот автстриски новинар, Кристијан Вершуц од државата австриска телевизија ОРФ денеска …

Берлин подготвил нон-пејпер, Захариева го прифатила, но Софија потоа го отфрлила Read More »

Почнува реализација на шест мерки од четвртиот пакет


Започнува реализација на шест мерки во рамки на Министерството за економија од четвртиот пакет економски мерки на Владата за ревитализација и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. -Со одлука на Владата, Министерството за економија ќе префрли 60 милиони денари, односно еден милион евра на …

Почнува реализација на шест мерки од четвртиот пакет Read More »

Уставен суд се брани: Нападите за доделувањето на додатоците биле неосновани и непримерени


Судот мора со жалење да констатира дека во голем број дел од денешните објави на медиумите, беа изнесени неосновани и непримерени квалификации за органот и уставните судии, се вели во  соопштението на Уставниот суд во врска со денешните објави од повеќе медиуми по однос на последното дополнување на Деловникот на Уставниот суд. Притоа, како што …

Уставен суд се брани: Нападите за доделувањето на додатоците биле неосновани и непримерени Read More »

Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот


Белгија – Белгија ги надмина Перу и Шпанија во бројот на мртви од Ковид-19 на 100 илјади жители, јави дописничката на МИА од Брисел. Со 110 починати на 100 илјади жители, Белгија е сега земја со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во цел свет, покрај досегашните „шампиони“, Перу, Шпанија и Бразил. Белгија беше меѓу најлошите …

Белгија со највисока стапка на смртност од Ковид-19 во светот Read More »

Мерил Стрип ќе и ја врачи наградата на Амал Клуни за слобода во новинарството


САД– Адвокатката за човекови права и сопруга на Оскаровецот Џорџ Клуни, Амал Клуни (42) е годинешна добитничка на престижната  меѓународна награда за слобода во новинарството . Со наградата која го носи името на американската новинарка Гвен Ифил им се оддава голема почест на бранителите на прогонетите новинари. Тројната добитничка на Оскар, Мерил Стрип (71) ќе …

Мерил Стрип ќе и ја врачи наградата на Амал Клуни за слобода во новинарството Read More »

249 пациенти со Ковид-19 на Инфективна, интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ


Вкупно 249 пациенти со Ковид-19 се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во Модуларната болница, во Ковид центрите на интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Од нив, како што информираа за МИА од Министерството за здравство, 100 пациенти се хоспитализирани и се лекуваат од Ковид -19 на Клиниката …

249 пациенти со Ковид-19 на Инфективна, интерните клиники и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ Read More »

Студенчишкото блато ќе биде прогласено за парк на природата


Студенчишкото блато како нераздвоен дел од еко-системот на Охридското Езеро, ја доби експертската студија со која се валоризира неговата вредност како чекор напред во процедурата за негово прогласување за заштитено подрачје во категоријата парк на природата. Со изготвување на студијата почнува процедурата за негово прогласување за заштитена зона, што е долгогодишна заложба на експертите и …

Студенчишкото блато ќе биде прогласено за парк на природата Read More »