БиХ ќе ги заострува мерките против корона вирусот


Властите во БиХ, каде во еден ден се регистрирани дури 73 смртни случаи, но и поради лошата епидемиолошка ситуација, најавуваат нови рестриктивни мерки против Ковид-19.

Локалните медиуми објавија дека Кризниот штаб на БиХ утре ќе ги заостри мерките против корона вирусот, кои директно ќе се однесуваат на граѓаните.

Мерките ќе се однесуваат на ограничување на движењето и собирање на граѓаните на отворен и затворен простор.

Засега не се познати деталите, но извесно е дека заострените мерки ќе се одразат врз животот на граѓените, со цел да се намали ширењето на заразата со корона вирус.

Моментно во БиХ е во сила ограничено собирање на максимум 50 луѓе на отворено и 30 во затворен простор.

На територијата на цела земја задолжително е носење на заштитни маски и на отворен и во затворен простор.